|
|
|
За три години поминал 47 земји и не планира да застанеМногу странци по завршувањето на студентските денови, решаваат да патуваат и да истражуваат, пред да си најдат некоја работа.
Иако кај нас тоа не е случај, овој избор кој тие го прават е можеби еден од најдобрите. Тогаш сте млади, желни за нови работи и авантури, а никогаш не знаете во иднина дали поради обврските ќе може да си дозволите патување низ светот.
Токму Тај Дализ е еден од тие примери, кој по факултетот решил да патува, инспириран од едно шоу кое случајно го видел на ТВ.
- Купив камп приколка и се возев по родната Австралија. Требаше тој период да трае шест месеци, но се одложи на три години. Кога завршив, бев навлечен на слобода, слободен начин на живот и сакав да патувам во странство. Се уште не знам кога решив авионот да го исфрлам како опција, бидејќи сѐ се случуваше природно. Знаев дека сум желен за предизвици и авантури, а не само за одмор, вели Тај. Од Австралија, преку југоисточна Азија до Кина, Монголија, Русија, стигнал во Европа, а поминал 47 земји.
- Многу време поминав во источна Европа, од Финска до Турција. Потоа, некое време бев во Италија, Франција, Шпанија, по што заминав во Лондон пред Божиќ, минатата година. Од таму се упатил кон Америка на едрилица која требало да биде испорачана до САД. Откако бил во Мексико, решил шест месеци да ги помине на брод. Строго се држел до правилото никако да не патува со авион, па поради тоа стекнал незаборавно искуство.
- Научив дека светот е преполн со бесконечни прилики за оние кои имаат доволно среќа и храброст да ги напуштат своите комфорни зони и да истражат нови места.
Следната дестинација на Тај е Јапонија, а потоа и Сан Франциско.
|
|
|
|
|
|
|
|
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
Powered by MagnumPRO |
|
|
Виц на денот |
|
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува: - Абе, вие Буш и Пауел... |
|
|
|
Состојба на патиштата |
|
|
|
|
Верски календар |
|
|
|
|
На денешен ден |
|
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...
|
|
|
|
Хороскоп |
|
|
|
|