ПАТУВАЈТЕ ВОН СЕЗОНА

Начини како да заштедите при патување

Секое патување може да биде скапо, но постојат начини со кои ќе можете значително да си го ослободите буџетот. Еве некои од нив:

1) Одберете локации кои нудат бесплатни активности

Доколку малку истражите пред патувањето, може да проверите дали во околината каде што ќе престојувате се нудат бесплатни активности од типот на музеи, попусти во театри и сл. објекти, и слично.

2) Букирајте соба со фрижидер и кујна или микробранова печка

Иако некои луѓе не сакаат да готват кога се на одмор, доколку самите го спремате макар само појадокот и кафињата во тек на денот, можете значително да заштедите ако за тоа не ја плаќате дополнителната цена која следува за тие услуги. Па дури и да јадете по ресторани, од таму би можеле да донесете остатоци кои ќе можете да ги подгревате во микробрановата печка, со што добивате уште еден помал оброк.

3) Купувајте во локални продавници и пазари

Често пати на пазарите цената на производите се намалува пред крај на работно време, а доколку купувате во локалните продавнички ќе можете да ги вкусите локалните јадења без за нив да платите далеку повисока цена во некој ресторан.

4) Не ги букирајте најскапите соби

Не секогаш вреди дополнително да се доплаќа за соба со (малку) подобар поглед или неколку квадратни метри поголема површина, особено доколку планирате многу мал дел од одморот всушност да го поминувате во неа, што и онака ќе се случи во најголемиот број на случаи, особено во летниот период кога цело време ќе бидете на плажа или во движење.

5) Не јадете во реони блиску до познати туристички дестинации

Во некои градови, со пешачење на само неколку стотици метри од познати туристички атракции (фонтани, плоштади итн.) ќе најдете ресторани или кафулиња со цени неколкукратно помали отколку онаму каде што „врие„ од туристи.

6) Патувајте вон сезоната

Во месеците кои се вон летната или зимска сезона на одмори ќе најдете далеку поевтини авионски билети и хотелски соби, а покрај тоа нема да треба да се справувате со голема гужва. Туристичките атракции во овие периоди исто така се поевтини за посета, само прво проверете дали тогаш се воопшто отворени.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби