Градот на слободата и различноста

Копенхаген е место кое ќе задоволи сечиј вкус. Ако ја посетите населбата Вестербро ќе бидете во можност да видите проститутки, јавни куќи и стриптиз барови, а веднаш од спротивната страна луксузни хотели и ресторани. Но, со оглед на луксузноста, во тие локали воопшто не е евтино.



За просечен оброк, кој се состои од едно или две овошја, малку леб, путер, кајгана, јогурт заедно со два пијалаци може да платите и до 40 евра. Ако сепак одлучите да седнете и да се почувствувате луксузно, изберете ги Pixi или Taxa. Ако целите кон нешто подобро, тука се наоѓаат и италијанските ресторани Mother и Pate Pate, за кои мора да имате претходна резервација. Данците сакаат здрава, вегетаријанска исхрана, па ако и вие припаѓате на таа група може да седнете во Morgenstedet или Simple Raw.



Начинот на плаќање во Копенхаген е мошне интересен. Нарачувате и веднаш плаќате, па потоа келнерот ви го носи јадењето и пијалакот, без воопшто подоцна да чекате за плаќање.

Данците се мошне опуштен народ кој знае како да ужива во животот. Најчесто превозно средство е велосипедот. Цените на автобуските билети во еден правец е 3 евра, а кафето во малку подобар кафе бар изнесува 5 евра.



Она што не смеете да го пропуштите е замокот и старата кралска резиденција, ботаничката и зоолошка градина и бројните паркови низ целиот град.

Ако сакате да се опуштите целосно, упатете се кон квартот Кристианиа, каде што луѓето се шетаат како што сакаат и може слободно да пушат марихуана. Само овде не смеете да сликате, бидејќи фотографирањето е забрането.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби