Места кои како да се излезени од бајките

На нашата планета има многу интересни места, но некои толку се добри што дури мислиме дека не се реални. Можеби некои од вас ја имале таа среќа и ги посетиле, но оние кои се мислат која да им биде следната дестинација, можеби треба да ги погледнат овие места ако сакаат  да се почувствуваат како во бајка:

Полиња со лалиња, Холандија



Без разлика во кој дел од Холандија да се одлучите да одите, насекаде ќе имате можност да гледате полиња со лалиња. Нема да ви се верува дека може да постојат толку магични места.

Бојнички замок, Словачка



Оригинално изграден како дрвена тврдина во 12 век, Бојничкиот замок стана еден од најубавите замоци во централна Европа. Освен тоа, ова е најпосетуваното место во Словачка.

Колмар, Алзас, Франција



Колмар е дел од градот Алзас во Франција, кој е преполн со интересни куќи, разнобојни фасади и шарени цвеќиња. Дестинација која ќе направи да се чувствувате како да сте во цртан филм.

Мостот Ракоц, Германија



Мостот од 19 век, формира совршен круг, благодарение на рефлексијата врз водата. Одлично место за фотографирање!

Тунелот на љубовта, Украина



Украинскиот тунел на љубовта е место од кое нема да сакате да излезете. Ќе бидете воодушевени од неговата едноставност, но голема мистериозност.

Езерото Речен, Италија



Во овој дел на јужна Италија ќе најдете неколку села бидејќи градовите биле поплавени во минатото. Единствено нешто што се гледа е токму оваа камбана од црквата, изградена во 14 век.

Лонглит, Вилтшир, Англија



Од ова место, освен лавиринтот, може да ве воодушеви и неверојатниот парк со магичен пејзаж, кој сигурно ќе ви даде чувство дека сте во некоја бајка. Местото се состои од 3км парк со 32км шума.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби