Магични дестинации кои мора да ги посетите

Некогаш сигурно сте посакале да бидете дел од бајка и да видите како би изгледало тоа. Токму затоа денес ви предлагаме 4 бајковити места кои нема да се покаете доколку ги посетите:

1.Баварија, Германија

Баварија ги содржи сите елементи на бајката започнувајќи од неверојатно прекрасните замоци, снежните планини и невообичаените градби. Замокот Нојшванштајн бил инспирација на креаторот на Дизни светот, Волт Дизни.
Додека пак љубителите на зимските спортови ќе може да уживаат во нив во баварското градче Гармиш-Партенкирхен во кој се одржале олимписките игри во 1936 година.

2. Кападокија,Турција

Доколку го посетите градот на чудно обликуваните архитектури, ве уверуваме дека секое поминато време таму ќе ви изгледа малку. Ако некогаш сте посакале да искусите како живееле луѓето во палеолитот, ова е вистинскиот град во кој ќе може да го направите тоа.
За разлика од каменото време, камените хотели на Кападокија денес нема да ве остават без супер брз интернет, модерни бањи, а доколку имате среќа можете и да најдете соба со совршен поглед кон долината. Сепак доколку сакате навистина волшебно искуство ви препорачуваме да летате со балон на топол воздух  над Кападокија.

3.Мостар, Босна и Херцеговина

Градот кој своето име го добил според чуварите (мостари) кои го чувале стариот мост на реката Неретва е еден од најпрепознатливите обележја на Босна и Херцеговина. Во исто време се смета и за еден од најпознатите примери за исламската архитектура на Балканот. Водејќи ве низ преубавите калдрми кои од страните се исполнети со стари камени згради како и прекрасниот мост на реката Неретва ќе помислите дека овој град излегол од страниците на некоја од бајките кои сме ги слушале како мали.
Шармот на Мостар го надополнува и уникатниот мирис на чај и баклава кои мора да ги пробате доколку одлучите токму овој град да биде ваша следна дестинација.
-Во Мостар, она што ќе те разбуди наутро, не е звукот туку светлината. По таа светлина секогаш ќе го паметам Мостар – Иво Андриќ.

4. Венеција, Италија

Градот на магијата,  кој уште е наречен и огледало на душата е еден од најромантичните градови во Европа. Родниот град на Антонио Вивалди ,Марко Поло и Казанова ќе ве воодушеви со своите волшебни места кои ќе го направат вашиот престој мошне пријатен. Мостот на водишките кој е изграден од бел вар и датира од 1600 година е една од најатрактивните дестинации на градот. Посебно интересен факт е што мостот поминува над Рио Ди Палацо и го поврзува Новиот затвор со собите за испрашување во палатата Дож. Погледот од мостот на воздишките е последното нешто што осудените го виделе пред нивното затворање.

Меѓу големиот избор од преубавите дестинации е вбројана и St Mark's Clocktower која се смета за рана изградба од времето на ренесансата и се наоѓа на истоимениот плоштад.Објектот се состои од кула, часовник и пониски згради од страна, а постои од 15 век.

Венеција претставува една од најпосакуваните туристички дестинации и поради Венецискиот филмски фестивал.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби