Најопасни места за живеење во светот

Правото на живот претставува лично право кое му е загарантирано на секој човек., па токму затоа санкциите за неговото загрозување според кривичниот законик се највисоки. Сепак, не во сите земји може да се загарантира целосна заштита на ова значајно право, што пак од друга страна допринесува до значителен број на зголемени убиства или пак самоубиства.

Ова се дел од земјите кои се прогласени како небезбедни и опасни по човечкиот живот:

Хондурас

Според секторот за дрога и криминал на ОН, Хондурас е земја во која живеат 9.113 милиони жители и е едно од најопасните места за живеење. Посечната стапка од 95 убиства на 100 000 луѓе доведува до заклучок дека речиси секоја 1000-та личност е жртва на убиство. Како една од популарните туристички дестинации, нејзините жртви неретко се туристи кои се мета на разни криминалци.

Венецуела

Венецуела се наоѓа на северниот брег на Јужна Америка. Позната е како најголемиот светски извозник на нафта, но и како земја со невообичаено голем број на убиства. Секоја година се забележани повеќе од 50 000 убиства, а загрижувачки е што во последните 2 децении бројот е во пораст. Минатата година само 19% од жителите на Венецуела истакнале дека се чувствуваат безбедно.

Грција

По обемните и подолгите мерки за штедење, сиромаштијата во Грција се зголеми, а заедно со неа и криминалот и убиствата. Приливот на стотици илјади мигранти исто така ја сруши безбедноста во земјата и таа се најде како 124-та земја на светот која е рангирана како опасна не само за живеење, туку и за престојување.

Косово

Според последните статистики убиствата во Косово се сè повеќе во пораст, а се смета дека тие го надминале и бројот на убиени за време на војната. Причината поради која бројката е во пораст во оваа држава лежи во големото присуство на илегално оружје во рацете на граѓаните, но и недостигот на спроведување на законите.

Украина

Украина се најде на листата на опасни држави поради немирите во граѓанското општество, но и влошените односи со Русија.  Сепак британското министерство за надворешни работи проценува дека главниот град на Украина не е толку опасен во споредба со регионот Крим кој е припоен со Русија. 

Сирија

Се смета дека ниеден дел од Сирија не е безбеден. Киднапирањата, употребата на хемиски оружја, гранатирањето и воздушното бомбардирање значително го зголемија ризикот од смрт или сериозни повреди. Безбедносната ситуација се уште  е на значително ниско и опасно ниво. Насилните конфликти помеѓу владата и вооружените терористички групи продолжуваат и понатаму. Комуникацијата во Сирија е отежната поради слабата сигурност на телефонските повици, како и на  интернет конекциите



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби