Напуштени зданија низ светот и нивната историја

Секое напуштено здание има своја приказна како останало такво, без разлика дали се работи за урбана легенда или вистинската причина.

Ваквите зданија кои скапуваат и се скоро целосно „нападнати“ од природата, се истовремено и фасцинантни, но и морничави.

Еве мал дел од нив низ светот и нивната историја:

1) Кулата на црквата Граун, Италија

Црквата Граун на езерото Решен во Јужен Тирол, Италија, некогаш била обична црква. Меѓутоа, вештачкото езеро изградено во 1950 со цел градот да го снабди со струја придонело таа да биде потопена. Денес, од неа е видлива само кулата со ѕвоното, која изгледа како да плови на сред езерото.

2) Воената болница во Белиц, Германија

Оваа морничава воена болница едно време го третирала Адолф Хитлер за повреда на бутот добиена за време на Првата светска војна во 1916-та.

Била изградена во доцниот 19-ти век за рехабилитација на пациенти со туберкулоза во Берлина, но по падот на Источна Германија била напуштена.

Оваа болница е користена како сет за снимање на филмот „The Pianist” (Пијанистот), за кој актерот Едриен Броди доби Oскар за најдобра машка улога во 2003-та.

3) Споменикот Бузлуџа, Бугарија

Овој објект се наоѓа високо во бугарските планини и некогаш бил седиште на бугарската комунистичка партија. За време на советското влијание, партијата решила да го изгради за да го одбележи социјалистичкиот комунизам, меѓутоа по падот на владата во 1989-та, проектот бил напуштен.

4) Морските тврдини во Маунсел, Велика Британија

Тие биле изградени за време на Втората светска војна со цел Англичаните да се бранат од германските сили, дизајнирани од Гај Маунсел, британски цивилен инженер.

Тврдините официјално биле затворени во 1950-тите, но структурите се останати и ден денес.

5) Напуштена база за подморници, Балаклава, Украина

Оваа база била изградена од СССР како тајна локација дизајнирана во неа да се смести флота од нуклеарни советски подморници за време на Студената војна.

Комплексот останал недопрен долго време, сè додека руската федерација не го подарила на украинската морнарица во 2000-та. Сега оваа локација е музеј.

6) Припјат, Украина

На 26-ти април 1986, од нуклеарната централа Чернобил се ослободи радиоактивен облак 10 пати поголем од нуклеарната бомба фрлена врз Хирошина. Околу 350 000 луѓе биле принудени да се евакуираат, оставајќи го овој град замрзнат во времето.

На подовите на градинките сè уште се расфрлани кукли, на креветите има чаршафи и перниците, а во лавабоата скапуваат чинии. Нивото на радијација во градот е сè уште превисоко за таму да живеат луѓе, така да тој и денес останува „град на духовите“, инспирација за многу филмови и видео игри.

7) Помпеја, Италија

Eдна од најпознатите вулкански ерупции на сите времиња, онаа на Везув во 79-тата, комплетно го покрила античкиот римски град Помпеја со дебела покривка од вулкански пепел

Градот бил напуштен скоро 2000 години, сè додека истражувачите не го пронашле недопрен под 6 метри нечистотија и остатоци во 1748-ма.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби