Туристички локации низ светот со најголемa гужва

„Гужва„ значи разни работи за разни луѓе – за оние од помалите градови, тоа значи да сретнат неколку познаници во трговски центар. За жителите на метрополите, тоа значи гужвање во метро додека да стигнат на нивната дестинација.  Некои гужвата ја сметаат за стресна, а некои пак уживаат во неа бидејќи раздвижената динамика им дава енергија.

Еве неколку туристички, но и изолирани локации низ светот со најголема гужва:

1) Округот Монг Кок - Хонг Конг, Кина

Според Reuters, овој округ е најгусто населениот во светот со популација од 130 000 на квадратен километар.

2) Плажата Кингдао Хукан – Кингдао, Кина



Гужвите на најпосетените плажи во САД се ништо во споредба со оваа плажа, која ја посетуваат околу 130 000 луѓе, а тоа се должи на нејзината близина до градот, и бесплатниот влез.

3) Улицата Оксфорд  - Оксфорд, Англија

Оваа улица е одлична за купување и секој ја препорачува за посета доколку сте во Лондон, но гужвите на неа редовно се преголеми. Поради тоа, градоначалникот на Лондон најавил дека до 2020 таа ќе биде наменета исклучиво за пешаци – без автобуси, таксија или било какви возила.

4) Пешачкиот премин Шибија – Токио, Јапонија

Секој пат кога ќе се запали зелено на семафорот, околу 2500 луѓе го преминуваат овој пешачки премин.

5) Големата чаршија (The Grand Bazaar) – Истанбул, Турција

Во оваа чаршија која постои од 1461-ва се наоѓаат над 3000 продавници, а низ неа поминуваат 15 милиони туристи – правејќи ја најпосетената туристичка атракција во Европа.

6) Тајмс Сквер – Њујорк, Њујорк

Тајмс Сквер во Њуjорк е секогаш преполн со луѓе, без разлика од периодот во денот или годината, а тука секојдневно поминуваат над 300 000 пешаци.

7) Бакингемската Палата – Лондон, Англија

Домот на кралската фамилија привлекол над 560 000 луѓе во 2013-та, а интересот за него не е намален ни до денес.

8) Санта Круз дел Илоте – Колумбија

Овој остров има површина од 0.012 km2  и е најгусто населениот во светот, што е причината што привлекува многу туристи – сите сакаат да видат како на толкава мала површина живеат 1200 луѓе без питка вода, канализациски ситем, полиција, болници, или комунална хигиена.

9) Гранд Централ терминалот – Њујорк, Њујорк

Овој терминал не е просечната железничка станица на која сте навикнати – низ него секојдневно поминуваат над 750 000 луѓе, вклучувајќи ги и туристите. Многумина од нив пробуваат да  „фатат“ некој од возовите кои пристигаат секои 58 секунди, да посетат неколку од 65-те продаавници, и сл.

10) Мачу Пикчу – Мачу Пикчу, Перу



Овој град е едно од 7-те светски чуда и е најпосетената дестинација во Перу, кој е толку популарен што туризмот е лимитиран на 2500 луѓе дневно и 912 500 годишно.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби