Лондон денес и пред 2000 години

Лондон започнал како мала римска населба составена од неколку фамилии долж реката Темза, а денес во него живеат над 8.6 милиони луѓе. Погледнете ја 2000 годишната еволуција на овој прекрасен град:

1) Скорешни археолошки ископувања (во 1999 и 2010) сугерираат дека близу реката Темза постоеле населби уште во 4500 п.н.е, кои ја прифатиле агрикултурата во неолитското и бронзено доба.


2) Римјаните го основале Лондиниум (денешен Лондон) во 43 год. Илустрацијава покажува како градот изгледал во 200 год., со првиот мост преку реката Темза


3) Од 7-от до 11-от век, Англосаксонците се населиле во Лондиниум – населбата била поставена во мрежна шема и тука живееле помеѓу 10 000 и 12 000 луѓе.


4) Вестминстерската опатија (Westminster Abbey) била изградена во 10-тиот век и е една од најстарите и најважни згради во Лондон – тука прикажана на уметничка слика од 1749-та.


5) Вилијам, војводата од Нормандија, бил прогласен за крал на Англија токму во Лондон. До 11-тиот век, Лондон бил најголемото пристаниште во Англија, а во 12-тиот век, Англискиот кралски двор се стационирал во Вестминстер во централен Лондон.


6) Во 1176, кралот Хенри втори нарачал нов камен мост, кој бил завршен во 1284-та. Оригиналниот Лондонски мост постоел над 600 години, а на него биле изградени куќи и дуќани.


7) Во 17-тиот век, Лондон страдал од Големата (црна) чума, која усмртила околу 100 000 луѓе. Во 1600 се случил Големиот Пожар, и на градот му била потребна една декада повторно да се изгради.


8) Во средината на 19-тиот век, Лондон од Амстердам го превзел приматот како водечки финансиски центар во Европа, а кралската морнарица станала водечка во светот.


9) Лондон бил најголем град во светот помеѓу 1831 и 1925, пред тоа да стане Њу Јорк. Постојаното зголемување на населениот и сообраќајот довеле до креирање на првата локална подземна урбана железница во светот во доцните 1860-ти, кога бил конструиран и канализацискиот систем.



10) Почнувајќи од 1941-ва, Лондон бил уништен во Втората светска војна, а околу 30 000 луѓе загинале.


11) По војната, Лондон повторно се обновил и продолжил да е едно од местата кои се центар на глобалната моќ – на сликата е прикажана раскрсницата Пикадили Циркус во 1950-тите.


12) Денес, во Лондон живеат над 8.6 милиони луѓе.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби