Најнаселени градови во светот

Градовите како Њујорк, Пекинг и Токио се познати и по тоа што се исклучително густо населени. Сите знаеме дека во нив живеат многу луѓе, но дали сме свесни колкава е таа бројка? Еве ја бројката на населението во 2016 според податоците на Обединетите Нации:

Рио де Жанеиро, Бразил – 12 981 000

Една од локациите со најголема гужва е плажата Копакабана, која постојано е преполна со туристи но и локално население.

Гуангжу, Гуангдонг, Кина – 13 070 000

Гуангжу е трет по големина град во Кина и во него работат милиони работници од целата земја. На сликата е прикажана гужвата на влезот на една од железничките станици

Лагос, Нигерија – 13 661 000

Лагос е еден од најбрзо растечките градови во Африка, за кои се смета дека ќе има популација од 24 239 000 до 2030-та.

Буенос Аирес, Аргентина – 15 334 000

Овој град, покрај тоа што е главен на Аргентина, има голема важност за главните индустрии на земјата, вклучувајќи го туризмот, финансиите и производството.

Поради ниската стапка на раѓање, се смета дека неговата популација ќе нарасне само до 16 956 00 до 2030-та.

Дака, Бангладеш – 18 237 000

Дака е растечка метропола во Бангладеш со неверојатно густа популација од 44 500 луѓе на еден квадратен километар.

Њујорк, Њуарк, САД – 18 604 000

Помеѓу Њујорк Сити, Њујорк и Њуарк, Њу Џерси, оваа област е најнаселена во САД. Скоро 2/5 од популацијата во целата држава Њујорк живее во Њујорк Сити.

Oсака, Јапонија – 20 337 000

Популацијата во Осака се очекува да се намали на 19 976 000 до 2030-та, а причина за тоа се ниската стапка на раѓање и иселување на локалното население.

Мексико Сити, Мексико – 21 157 000

Мексико Сити нуди уникатна мешавина од античка култура и модерна индустрија – не само што е дом на Теночтитлан (стариот Ацтечки главен град), туку е и финансиски центар на латинска Америка.

Пекинг, Кина – 21 240 000

Пекинг е вториот по големина град во Кина, чија популација се очекува да се зголеми на 27 706 000 до 2030-та.

Токио, Јапонија – 38 140 000

Заклучно со 2016, Токио е најнаселениот град на Земјата – познат по неговиот модерен дизајн, посветеност на најновата технологија и преполните улици, овој град долго време има репутација на густо населен. Се очекува до 2030-та бројот на населението да се намали на 37 190 000.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби