Сончеви острови кои може да се резервираат за новогодишните празници

Вообичаените дестинации поврзани со новогодишните празници се претежно планински локации каде може да се ужива во зимските пејсажи и спортови, но тоа не значи дека овие празници не можат да се поминат и во сосема друга атмосфера, несвојствена за таквите празници. Еве неколку такви локации:

1) Островот на птиците, Плаценција, Белизе



Сместен во центарот на корален гребен, овој приватен остров е рај на земјата, идеален за излежување на сонце, возење кајак или рибарење, a селото Плаценција е на 20мин. далечина возење со брод. Престојот изнесува околу $600 по ноќевање, со минимум 4 ноќевања, а на него може да се сместат најмногу 6 луѓе.

2) Голем Остров (Ilha Grande), Рио де Жанеиро, Бразил



На овој приватен остров има простор за над 12 луѓе кои ќе бидат максимално услужени. Дури може да се најми и персонален шеф за да ја спрема празничната вечера, или да се изрента брод со капетан кој ќе ви ги покажува најубавите пејсажи во Бразил. Минималниот престој е две ноќевања, кои чинат $1617 од ноќевање.

3) Bedarra Island Villa, Квинсленд, Австралија



Островот се протега на површина од два акри, има бел песок и е опкружен со палми. Сместува до 8 луѓе по цена од $797 за ноќевање и минимално 5 ноќевања.

4) Brother Island (братскиот остров), Ел Нидо, Филипини



Осамениот „братски остров“ има  чувар, готвач, возач на чамец и оддржувач на домот, така што нема ни да имате потреба да го напуштите за било која активност. Вклучени во услугата се три традиционални филипински оброци дневно зготвени од свежи, локални и органски состојки. Сместува 12 луѓе по цена од $300 по ноќевање, и минимално 2 ноќевања.

5) Popa Island, Панама



Четирите удобни бунгалови на овој остров се поставени пред кристално чистите води и панорамските погледи на Cayo Zapatillas островите. Сите бунгалови имаат балкон со туш, а во нив можат да се сместат 14 луѓе за $175 од вечер и минимално 2 ноќевања.

6) Плажата Бингин, Бали, Индонезија



Од моментот кога ќе ги допрете песоците на овој имто, гарантирано ќе се чувствувате како дома. Вработените ќе ве пречекаат со овошје и пијалаци и ќе ви помогнат да се сместите, а секое утро ќе може да ја искористите масажата на отворено покрај вода. Тука може да се сместат до 9 луѓе за $261 од вечер и најмалку 3 ноќевања.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби