Како да патувате во согласност со вашиот буџет?

Додека некои од нас сонуваат да отпатуваат на некоја далечна дестинација, многумина не се доволно финансиски подготвени за да си дозволат патување кое бара поголема сума на пари.

Во прилог ви претставуваме неколку алтернативни и поевтини начини за тоа како да го задоволите својот авантуристички дух, а воедно и да не страда вашиот џеб.

1. Бидете турист во вашиот град

Сигурно постојат места кои не сте ги посетиле иако се само неколку километри оддалечени од вас. Некој слободен викенд земете го со вас вашиот партнер и отпатувајте на некое локално место. Организирајте пикник или пак посетете некој национален парк. За малку пари можете да доживеете ново авантуристичко искуство кое со сигурност долго ќе го паметите.



2. Размислете правилно пред да ја одберете дестинацијата.

Доколку сакате да посетите некое место кое е прилично далеку, размислете дали правилно ќе ги вложите средствата. На пример заборавете на Париз, посетете ја Будимпешта. Можеби сте планирале патување во Италија, но за истите пари во Грција можете да посетите дури  неколку локации. Идејата е да го збогатите вашето искуство со повеќе посетени локации.
Сигурно ја знаете изреката „Парите дадени за патување, не се залудно потрошени пари.“ Всушност, имале право. Патувањето нè прави побогати.



3. Букирајте тура во последен момент или пак планирајте го патувањето порано

Веќе сите знаеме дека доколку се букира некоја тура премногу рано или пак во последен момент, цената може драстично да варира од реалната. Значи, доколку само ви е важно некаде да отпатувате, одберете понуда  со атрактивна дестинација од „последна минута“.
Истото важи и за авионските билети. Во зависност од тоа дали авиокомпанијата е високо или ниско буџетна, имате можност да набавите билет речиси и по смешни цени. Доколку „уловите“ вакви евтини авионски билети ќе сфатите дека понекогаш патувањето со авион  е два, па дури и три пати поевтино од било кое друго превозно средство.

 

4. Внимавајте во изборот на сместувањето кога патувате

Не мора секогаш да престојувате во хотели кои имаат три, четири, па и пет ѕвездички. Доколку ви е важно да го истражите местото на кое патувате, а сместувањето ви значи само место каде што ќе ја поминете ноќта, тогаш препорачуваме да се сместите во хостел или ниско буџетен хотел. Хостелот е и одлична можност за да запознаете нови пријатели од различни земји и култури. Па не само што ќе станете побогати со тоа што ќе посетите одредена дестинација, туку и ќе имате поголем број на пријатели.  Постојат и различни веб страници каде што лесно можете да пронајдете луѓе кои се подготвени да споделат соба во својот апартман за прилично ниски цени, како и луѓе кои ќе го сторат тоа целосно бесплатно.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби