Најдобри професии за оние кои сакаат да заработат патувајќи

Одредени професии овозможуваат заработка додека патувате и го истражувате светот, но не секој сака и може да ги работи.

Доколку уживате во патувањата, но не можете да си дозволите воопшто да не работите, еве на каков сè начин може да заработувате додека патувате:

1) Бармен / сервер

Насекаде низ светот има барови, ноќни клубови и ресторани, а оваа работа секаде e иста. Со поголемото искуство доаѓа и поголема заработка, а се отвараат и повеќе можности за работа во поголеми локации или локации со побогата клиентела. Работата не е врзана со време и во поголемиот број на случаи, лесно е да се најде позиција која ќе трае неколку месеци или колкав и да е периодот на вашиот престој во таа земја. Просечната заработка од оваа работа низ светот е $1000-$4000 месечно.

2) Туристички водич

Би можеле да побарате работа како локален туристички водич за интернационална компанија, за една популарна локација или за тури кои имаат неколку дестинации. Заработката варира од $1000 до $10 000 месечно.

3) Хонорарен преведувач

Ова занимање отвара голем број на можности – би можеле да наплаќате на ресторани за да им го преведете менито, да работите за туристичка агенција продавајќи тури на туристи кои го зборуваат вашиот јазик, да нудите преведувачки сервиси онлајн и сл. Заработката се движи од $0.10 – $0.40 од збор.

4) Патувачки фитнес инструктор

Можете да заработувате патувајќи како фриленс фитнес инструктор предавајќи пилатес, јога, зумба,или нудејќи услуги како персонален тренер доколку иамте доволно искуство на тоа поле. Некои инструктори прават договори со локалните теретани или хостели за да го користат нивниот простор со клиентите. Потенцијалната заработка се движи од $30-$100 на час.

5) Предавање англиски јазик во странство



Низ светот се бараат професионални професори по англиски јазик (особено во земјите како Кина, Јапонија и сл.), а и платата знае да е пристојна. За ова ви е потребна факултетска диплома и TEFL сертификација, а заработката се движи од $2000-$3000 месечно плус престој.

6) Веб дизајн/Графички дизајн/програмирање

Ова се едни од најзастапените занимања на т.н „дигитални номади“, бидејќи може од секаде да се работат под услов со себе да имате лаптоп. Заработката е $1000 - $6000 месечно, во зависност од обемот на работа и комплексноста на проектите.

7) Писател/блогер

Пишување во врска со патувањата е работа на соништата за некои, но тоа вклучува постојан контакт со уредници на разни магазини, дневни весници, сајтови и сл. Доколку не сакате да зависите од никого, можете да пишувате и на сопствен блог. Сепак, за да заработувате од тоа потребно е да имате голема публика.

Заработката од пишувањето е $0.10 - $1 од збор, додека од блогирање може да е $500 - $20 000+ месечно (во зависност од спонзорства и сл.)

8) Дадилка

„Au pair” е професионален бејбиситер или дадилка најмена од фамилија за да им помогне на нивните деца да научат нов јазик во замена за престој и неделна плата. Оваа работа ќе ви овозможи живеење во странство, учење на нов јазик, и искусување на културата од „прва рака“, притоа заработувајќи во просек $400-$1000 месечно.

9) Стјуардеса

Животот на стјуардесите можеби делува гламурозен – константно летање низ светот, забавување во разни градови, искусување разни култури, 90% попуст на авионски билети, попусти во хотелите и сл. Но, се работи за тешка работа за која е потребен тренинг, работното време е долго и напорно, џет-лагот е чест и сл. За оние кои уживаат во сите искуствата кои ги набројавме, ова занимање ќе им овозможи да го пропатуваат светот. Заработката е од $1000 до $4000 месечно.

10) Фотограф

Оваа професија овозможува да работите од било која локација во свето, и вашите дела да ги продавате на сајтови за stock фотографии или пак директно на магазини, издавачи на книги, сајтови, бренд кампањи и сл. Заработката е $1000 - $10 000 месечно.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби