Најголеми грешки кои туристите ги прават при посета на Рим

Доколку некогаш патувате во Рим, сигурно планирате да ги посетите популарните туристички атракции како Колосеумот, Ватикан или фонтаната Треви. Иако сите тие се одлични, постојат начини да ги видите без да ги правите вообичаените грешки кои многу туристи кои за прв пат доаѓаат во Рим ги прават.

1) Нарачување на големо кафе

Кога сте во Рим, не очекувајте количината и големините на кафињата да се исти како во земјата од која потекнувате – нарачувањето на големо кафе ќе ве прави да се издвојувате како турист. Бидете поавантуристички настроени со храната и пијалаците, и не се ограничувајте само на пица и паста туку пробувајте од многуте други (локални) специјалитети.

2) Не ги посетувајте големите туристички атракции попладне

Доколку тоа го направите, најверојатно ќе се соочите со огромни групи туристи и гужва која значително ќе ви го намали уживањето. Доколку распоредот тоа ви го дозволува, ваквите локации посетувајте ги подоцна во ноќта или рано наутро. На пример, најдобро време да се ужива во фонтаната Треви е помеѓу 3 и 6 часот наутро, пред да отворат продавниците и да почнат да се собираат туристите. Во тие 3 часа ќе ја имате целата фонтана само за вас.

3) Не претпоставувајте дека сите зборуваат англиски јазик

Иако повеќето го разбираат и зборуваат англискиот јазик, сепак локалното население подобро ќе се однесува со вас доколку научите барем неколку основни италијански изрази или зборови. Често се случува некои продавачи „од принцип“ да не ви зборуваат на англиски, иако го знаат јазикот и ве разбираат кога нешто ги прашувате. Дури и едноставно “ciao“ (здраво) или “grazie mille“ (благодарам) е подобро отколку ништо.

4) Шетање само низ центарот на градот

Рим има да понуди многу повеќе отколку само очигледните локации кои се наоѓаат во центарот на градот. Разните (тивки) маала со работилници и сл. ќе ви овозможат подобро да ја почувствувате интимноста на тамошниот локален живот.

5) Посета исклучиво во лето

Иако како очигледен избор се чини Рим да се посети во летните месеци, покрај жештините ќе мора да се справувате и со масивните групи на туристи.

Доколку го посетите Рим вон сезоната, времето можеби ќе биде врнежливо, но ќе бидете наградени со многу помала гужва, пониски цени и по пријателски расположени келнери.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби