Интересни локации до кои сите луѓе немаат пристап

Ширум светот постојат многу интересни локации и објекти во кои секој од нас би сакал барем да „ѕирне“, но кои се тајни или под огромно обезбедување.

Само мал број луѓе успеале да ги посетат бидејќи за нивната посета треба да се исполнат одредени услови. 

1) Свабалд глобалниот трезор за семиња е масивна подземна банка во која се складирани семиња од билки, лоцирана на норвешкиот остров Спитсберген на 1300km од Северниот Пол. На оваа локација се чуваат семиња со цел разновидноста на билките да се сочува во случај на некој катастрофален природен или нуклеарен настан, а пристап во неа имаат само мал број на вработени.

2) Клубот 33 во Дизниленд е таен клуб во кој пристап имаат мал број на богати и познати луѓе. Листата на чекање за зачленување во него е долга над една декада, а трошоците за тоа се од 25 000 до 100 000 долари само за зачленување и потоа десетици илјади долари годишно за членството.

3) Трезорот во кој Coca Cola ја чува својата тајна формула, во кој пристап имаат само неколкумина и е една од најдобро чуваните тајни во корпоративната историја.



4) Центрите во кои компанијата Google ги складира податоците се наоѓаат насекаде во светот, а секој центар има километри оптички кабли поврзани со илјадници сервери. Само критичните вработени имаат пристап во овие исклучително обезбедени центри.

5) Островот Суртси на јужниот брег на Исланд е скорешно оформена вулканска копнена маса, постојано истражувана од вулканолози, ботанисти и биолози. Поради природата на истражувањата човечката активност тука е строго регулирања и секој кој доаѓа тука е темелно прегледуван во случај случајно да не внесе некои семиња со надворешно потекло.

6) Островот „Северен Брат“ (North Brother) во Њујорк бил изграден од владата за на него да се ставаат во карантин луѓе со инфективни болести. Овој остров бил дом на „Тифусната Мери“, односно Мери Малон, имигрантка од Ирска која била одговорна за ширењето на тифусот во Њујорк кога работела како готвач. Северниот Брат е и локацијата на најголемата загуба на живот во Њуjорк (пред 11 септември 2001), кога парен брод се запалил при што загинале над 1000 луѓе. Островот сега е популарна локација за урбани истражувања и е дом на специфичен вид на птици.

7) Островот Повеља близу Венеција бил болница за чума каде над 150 000 луѓе ги проживеале последните недели или денови од животот. Потоа во 1922 се користел како ментална институција каде легендата вели дека еден доктор брутално мачел и убивал затвореници. Островот е затворен и забранет за странци од 1968.

8) Островот Северен Сентинел се наоѓа на брегот на Индија и е дом на малечкото племе Сентинелци, кои често пати се екстремно насилни кон странците. Во 2006 двајца риболовци биле убиени кога премногу се приближиле до него, по што индиската влада не дозволува на никого да го посети островот.

9) „Собата 39“ е тајна канцеларија во Северна Кореја одговорна за нелегалниот внес на пари во земјата. Вработените во неа наводно се вклучени во многу незаконски шеми со цел да се задржи кешот витален за опстанок на власт на фамилијата Ким. Дејствијата кои се одвиваат во собата 39 вклучуваат фалсификување на скоро перфектни банкноти, производство на масовни количини метамфетамини, како и голем број на онлајн измами со пари. Постоењето на оваа канцеларија е строго чувано од тамошниот режим.



10) Центарот за итни операции во Блумонт, Вирџинија е тајна американска база, каде во случај на сериозен напад би била лоцирана највисоко рангираниот воен и политички персонал. Делот над земјата се нарекува „Област А“ и има сопствена електрична централа, болници и домови. „Областа Б“ со површина од 55 740 метри квадратни е подземна и служи како бункер во случај на нуклеарен напад. По нападите на 11 септември 2011 многу политичари биле со хеликоптер пренесени на оваа локација.

11) Тајните ватикански архиви се во сопственост на папата, а сопственоста се пренесува на секој нареден папа кој има контрола кој сè има пристап на документите. Секоја година се дозволува истражување на дел од архивата, но најголемиот дел останува целосно доверлив и заклучен за сите освен за папата. Се смета дека вкупната должина на полиците е 85 километри, а архивата е чувана 24/7 од гарда.

12) Форт Нокс (т.е тврдината Нокс) е локација на армиска база каде се чуваат голем дел од американските резерви на злато и други вредни предмети кои припаѓаат на американската влада. Вратите на трезорот тежат 20 тони, а неговиот оклоп е дебел 63cm. За да влезат во него, вработените треба да внесат засебни комбинации на бројки познати само на нив, а бројката на чувари, аларми, бодликави жици, огради, микрофони, сеизмолошки сензори, камери и мински полиња ја прават оваа локација најдобро чувана во светот. Откога е создадена, само два пати во неа влегле цивили – еднаш во 1974 кога на конгресна делегација и било дозволено да изврши инспекција и уште еднаш во август 2017.

13) Областа 51 во Невада е најпозната од сите забранети локации и е причина за многу митови и легенди. Владата официјално го негирала нејзиното постоење сè додека CIA не го признала во 2013-та, и е дом на неброено многу тајни проекти. Локацијата е чувана од приватна компанија која патролира во пустинска камуфлажа и има овластување да пука во секој кој ќе го премине нејзиниот периметар.

14) Планинскиот комплекс Чајен е американска воздухопловна база во Колорадо која е дом на NORAD, а е изграден под 610 метри гранит. Целиот комплекс е заштитен од движење предизвикано од експлозии или земјотреси со тоа што е изграден врз огромен систем од федери кои спречуваат тој да се помести макар за сантиметар, a може да издржи и EMP напад (со електромагнетни пулсеви кои уништуваат сè што е електронско). Бункерот може да издржи експлозија на боева глава од 30 мегатони активирана на далечина од километар и пол, а бидејќи се наоѓа под земја, воздухот мора да биде пумпан во комплексот. Воздухот е најверојатно најчист во светот бидејќи најмодерните системи за филтрирање ги елиминираат било каквите штетни биолошки, хемиски или радиоактивни честички.

15) Островот на змиите на брегот на Бразил е дом на многу видови отровни змии, меѓу кои и на неколку загрозени вида. Се смета дека тој е толку густо населен со змии, да има по 1-5 на секој метар квадратен површина, а нивната вкупна бројка изнесува над 400 000. Бразилската влада дозволува пристап само на мал број истражувачи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби