Прекрасни дестинации за одмор без телефони и социјални мрежи

Во секојдневието скоро секој од нас буквално e „залепен“ со лицето во екранот на мобилниот телефон поголемиот дел од деноt, па би било убаво барем кога сме на одмор да одмориме и од технологијата, особено од непотребното губење време по разните социјални мрежи. 

Еве некои прекрасни дестинации за одмор каде ќе бидете приморани на „дигитален детокс“,  бидејќи немаат мобилна мрежа.

1) Хациенда AltaGracia (Перес Зеледон, Костарика)

Оваа хациенда е отворена во 2011 како фамилијарно одморалиште и фарма за кафе. Составена од 50 помалечки куќички кои се луксузно реновирани во 2015, но сè уште го имаат автентичниот изглед.

2) Куќа во долината на смртта (Бити, Невада)

Oваа куќа од 120 m2 има 3 спални соби и 2 купатила, а се наоѓа на 80 акри површина во пустината Невада.  Изолирана од било каква инфраструктура, нуди огромна отворена кујна, скара, дневна соба која може и да е на отворено, како и пространа тераса со топла када/џакузи.

3) Семејство Морукуру (Јужна Африка)

На 4 часа возење од Јоханесбург се наоѓа оваа сопственост во 75 000 хектари големиот резерват. Преку ден можете да гледате леопарди, лавови, слонови, носорози и стотици различни видови на птици пред да се вратите во една од трите приватни луксузни куќи. Секоја од нив е со големи тераси, камини, надворешни и внатрешни трпезарии и кади, како и приватни базени за пливање.

4) Хотел Ремота (Чиле)

Телевизијата и останатата електроника тука ќе ја замените со прекрасни глетки на неверојатните Патагониски пејсажи со фјордови, глечери, шуми и водопади. Хотелот има 72 соби со модерен и елегантен дизајн, како и базен, топли кади, бар и ресторан со локална морска храна и свежи земјоделски производи.

5) Кабина „дувло на лисици“ (Алјаска)

До оваа куќичка со една соба и купатило возможно е да се пристигне единствно со хеликоптер или брод. Ако имате среќа, од терасата ќе можете да забележите китови како пливаат во заливот. 

6) Blackbird Caye резорт (Белизе)

Овој идиличен резорт нуди нуркање, возење кајак, риболов, или едноставно релаксирање на некој од многу балкони и лежалки со поглед на Карибското море.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби