Како изгледаат најпознатите улици низ светот?

Низ светот има многу познати улици кои често ги гледаме по филмовите или на фотографии поврзани со туризмот, и кои иако никогаш ги немаме посетено имаме чувство како да ги знаеме. Еве дел од нив и како изгледаат на помалку „фотошопирани“ и секојдневни фотографии:

1) Авенијата Шанзелизе, Париз, Франција

Шанзелизе се смета за една од најубавите авении во светот, и е секојдневно преполна со туристи кои ја посетуваат Триумфалната порта, еден од најпознатите споменици.

2) Вол Стрит, Њуjорк, САД

Именувана според вистински ѕид (Wall = ѕид) кој бил изграден во 17тиот век од Холанѓаните, Вол Стрит  претставува многу работи за многу луѓе – некои ја гледаат како пулсот на капитализмот, додека други ја сметаат за најважен финансиски центар во светот.

3) Улицата Ломбард, Сан Франциско, САД

Дел од многу филмови, оваа 180 метри долга улица е наречена и „најлошата крива улица“ во светот, на која има 8 остри кривини, а максималната дозволена брзина на движење со автомобил е 8км/ч.

4) Виа Долороса, Ерусалим, Израел

„Via Dolorosa“ во груб превод значи „Патот на Солзите“ или „Патот на мачењето“ и е улица долга 610 метри за која се вели дека е патеката по која Исус одел кон местото на распнување.

5) Бродвеј, Њујорк, САД

Има повеќе улици низ САД кои се именувани Бродвеј, но ниедна не е позната како онаа помеѓу 42-рата и 53-тата улица во Менхетен, Њуjорк. Таа е најстарата улица во правец север-југ и се смета за домот на американскиот театар и музичката историја.

6) Еби Роуд, Лондон, Обединето Кралство



Оваа улица т.е пешачкиот премин е најпознат поради иконската насловна на истоимениот албум на Битлси од 1969-та, а обожавателите на бендот секојдневно патуваат до Лондон и се фотографираат на него, рекреирајќи ја насловната.

7) Булеварот Холивуд, Холивуд, САД

Овој булевар е дом на холивудската патека на славните, на која се поставени 2500 ѕвезди на површина од 15 блокови на булеварот и 3 блока на улицата Вајн

8) Пешачки премин Шибија, Токио, Јапонија

Некои велат дека овој пешачки премин е најживата раскрсница во светот, бидејќи на него одеднаш преминуваат често и над 1000 луѓе.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби