НАША ТОП 5 ЛИСТА

Дестинации за Велигден 2018-та

Секогаш посакуваме да отпатуваме некаде, особено кога се работи за продолжен викенд. Некои од вас посакуваат море и сонце, а други пак само свеж воздух и зеленило на некое планинско место.

Без разлика за што ќе се одлучите, за вас имаме одбрано супер дестинации на кои можете да побегнете за кратко за Велигденскиот продолжен викенд.

1. Кипар

Кипар е медитеранска земја, која се затоплува уште во март и април, па со сигурност ви гарантираме дека ќе уживате во посетата. Овој период од годината започнуваат сите растенија да се будат, па ќе уживате во прекрасниот мирис на цветовите, вкусната храна која ја нуди оваа земја и песочните плажи.

2. Крит, Грција

Велат дека пролетта најпрво пристигнува на Крит. Јужниот дел располага со потопли температури од северниот, но како и да е ќе уживате во погледот на морето, вкусна храна и супер ноќен живот.

3. Апулија, Италија

Многумина ќе се согласат дека природата во југот на Италија воопшто не била скржава. Токму во овој регион ќе имате можност да ја почувстувате вистинската Италија преку храна, танц и природни богатства. Овој регион се повеќе се развива, па ќе имате можност да уживате и во ново отворените хотели кои нудат незаборавна услуга. Она што мора да го посетите доколку се најдете во овој регион е местото Pogliano a Mare.

4. Сицилија, Италија

Доколку успеете да дојдете во Апулија, ви препорачуваме и да „тркнете“ до Сицилија. Полн со историја и уметност од Римската империја овој остров нуди многу за неговите посетители. Доколку се одлучите да го посетите овој остров, со време резервирајте си сместување бидејќи, Сицилија знае да биде пребукирана за време на празниците.

5. Охрид

Доколку пак сте ограничени со буџетот и не можете да си дозволите едно вакво луксузно патување, ви препорачуваме да го посетите Охрид. Нашиот најубав град, во кој ќе имате можност да уживате во пролетните денови, прошетка крај езеро и да посетите неколку историски, црковни, археолошки и многу други места кои со сигурност ќе ви го направат овој Велигден посебен.





Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби