15 необични хотели низ светот

Многу хотели им ветуваат на гостите „уникатни искуства“, но во поголем дел сите ги нудат истите или слични поволности во поглед на сместувањето и активностите кои се на располагање.

Сепак, низ светот постојат и вистински уникатни опции, а еве дел од нив:

1) Dasparkhotel, Австрија

Овој хотел кој се наоѓа во Отеншајм, Австрија, се состои од соби конструирани од пренаменети бетонски цевки, а полисата му е „секој плаќа колку сака“. За жал, собите немаат тоаалет, па гостите мора да го ги користат јавните.

2) Book and bed, Јапонија

Хостелов во Токио има 30 кревети скриени во малечки собчиња зад полиците во библиотеката, каде гостите можат да преспијат и одморат читајќи книги.

3) Treehotel, Шведска

„Хотелите на дрво“ во Харадс, Шведска, го доведуваат концептот на „куќичка на дрво“ на едно поголемо ниво. Хотелот нуди различни видови на соби, вклучувајќи онакви со изглед на вонземско летало или коцка чии ѕидови се огромни огледала.

4) Фаралда - хотел во кран, Холандија

Лоциран во Амстердам, овој хотел нуди три апартмани вградени во поранешен индустриски кран, во кој има и џакузи.

5) Хотел Коста Верде, Костарика

Хотелот Коста Верде се наоѓа во националниот парк Мануел Антонио и има двособен апартман во реновиран труп на авион Boeing 727 од 1965, нудејќи фантастичен поглед на дождовната шума.

6) SiloStay, Нов Зеланд

Тука гостите имаат шанса својот престој да го поминат во внатрешноста на адаптирани силоси за жито.

7) SkyLodge, Перу

Авантуристичките апартмани SkyLodge („Небесна ложа) се транспарентни структури на карпа во Тајната Долина во Перу, а до нив се пристигнува со искачување.

8) The Dog Bark Park Inn, САД

Oвој хотел (во слободен превод „Кучешко лаење“) има форма на џиновско куче од расата бигл, а мештаните го нарекуваат и „Слаткиот Вили“.

9) Icehotel, Шведска

Секоја година во селото Јукасјарви во Шведска повторно се гради овој хотел од мраз

10) Vrouwe van Stavoren, Холандија

Овој хотел на гостите им дава можност да престојуваат во вински буриња адаптирани во хотелски соби.

11) Ветерницата Клеј, Англија

Конструирана во 18-тиот век, ветерницата Клеј во Хорфолк, Англија, е претворена во хотел во 1980-тите.

12) Palacio de Sal, Боливија

Во превод „Солената Палата“, хотелот е направен од сол, вклучувајќи и поголем дел од мебелот, а се наоѓа во Ујуни, Боливија.

13) Одморалиште Манта, Занзибар

Ова одморалиште се наоѓа на островот Пемба, овозможувајќи им на гостите да престојуваат на приватно острово кое плови во водата, а дел од собите за престој се наоѓаат под неа.

14) „Ничија тврдина“, Англија

Оваа историска морска тврдина е конструирана доцна во 19-тиот век, а сега е пренаменета во хотел и се наоѓа во Портсмаут, Англија.

15) Кокопели, Ново Мексико

Како што се гледа од сликата, овој хотел е изграден во пештера во Ново Мексико, близу националното обележје долината Меса Верде.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби