Како навистина изгледа одењето на крстарење со гламурозен брод

Крстарењето на некој од многуте гламурозни бродови може да биде прекрасно искуство, но и нешто сосема спротивно. Она што го гледаме на промотивните фотографии и видео материјали не секогаш изгледа идентично и во реалноста.

Еве неколку разочарувачки фотографии кои ги покажуваат ваквите разлики:

1) Качување на бродот

Според промотивните фотографии, ова е моментот кога започнува уживањето и авантурите. Во реалноста, тоа е моментот кога со часови може да чекате во огромни редици на превисока температура, исполнети со подеднакво нервозни и изиритирани патници.

2) Палубата – место за уживање и релаксација

Палубата во каталозите делува како рај на земјата – идеално место за сончање или (мирно) читање на некоја книга. Во реалноста, многу е веројатно дека ќе имате огромни потешкотии да најдете слободна лежалка или слободно да се движите без да не сакајќи стапнете врз некого.

3) Џакузи со поглед на океанот

Што може да биде поубаво од релаксирање во џакузи со поглед на океанот? Сигурно не фактот што најверојатно тој поглед ќе мора да го делите со уште неколку истомисленици.

4) Пространи соби

Не сите соби се како оние од брошурите – со огромни прозорци, телевизор и простран кревет.

5) Гламурозна работа

Можеби сметате дека работата на некој од ваквите бродови е гламурозна како што тоа некои фотографии се обидуваат да го прикажат. Во реалноста, поголемиот дел од вработените живеат во мизерни услови во малечки соби без никаква приватност.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби