Познатите светски дестинации во и надвор од сезоната за посета

Иако патувањето вон сезоната со себе носи разни неповолности тоа има и предности, а една од нив е бројот на луѓе или туристи со кои ќе бидете опкружени.

Еве како некои популарни дестинации изгледаат во врвот на, и вон туристичката сезона:

1) Кони Ајленд, Њуjорк



Во летните месеци на брегот на Кони Ајленд се собираат околу 6 милиони луѓе, но во зима оваа локација е речиси празна, па така плажите и забавниот парк се затворени од септември до мај.

2) Венеција, Италија



Низ Венеција поминуваат толку многу туристи, па градот се има обидено да ги забрани бродовите за крстарење како и да го ограничи бројот на посетители. Тука поминуваат 30 милиони туристи годишно, од кои најголемиот број помеѓу јуни и август.

Венеција во зима нуди едно сосема ново искуство, па доколку можете да се соочите со ниските температури и студени ветрови во зимските месеци, задолжително посетете ја тој период.

3) Исланд



Популацијата на Исланд е само 332 000, но годишно го посетуваат околу 1.8 милиони туристи, претежно во летните месеци. Но, во зима кога е исклучително студено, бројот на туристи се намалува правопропорционално со температурите. Најкраткиот ден во декември има максимум 5 часа сончева светлина.

4) Големиот Кањон, САД



Не само што јули и август се најтоплите месеци во  Кањонот, туку тогаш има и најмногу врнежи, но и најголеми туристички гужви – во 2017-та во тие месеци бројот на посетители изнесувал скоро 800 000.

Во зимските месеци, пак, бројот на туристи е значително намален и сместувачките капацитети и рестораните често се затворени вон сезоната кога бројот на посетители е под 300 000.

5) Санторини, Грција

Преголемиот број туристи во Санторини предизвикал грчката национална туристичка организација да го лимитира бројот на патници од бродови за крстарење на кои им е дозволено да го посетат ова место. Во 2017-та на Санторини поминале околу 2 милиони туристи, во споредба со бројот на жители кој е само 25 000. Во зимските месеци гужвата е значително помала, па така шансите за разгледување на популарните туристички атракции се поголеми.

6) Бали, Индонезија



Помеѓу мај и септември кога е сувата сезона и шансите за монсуни се мали, на Бали одат милиони луѓе – скоро 7 милиони годишно.

Во дождовната сезона која трае од ноември до март бројот на туристи значително се намалува бидејќи бројот на дождливи денови секој од овие месеци е дуплиран од вообичаениот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби