Дестинации кои станале популарни поради тоа што биле опишани во книга

Кога станува збор за туризам поврзан со поп културата, за тоа најзаслужни се телевизијата и филмовите. „Војна на Ѕвездите“ ги носи луѓето во Мароко и Ирска, „Господарот на Прстените“ во Нов Зеланд, „Игра на Тронови“ во Хрватска и Исланд и слично.

Но, постојат полно дестинации кои се популарни поради тоа што во нив се одвивало дејството во некоја книга или се опишани во неа.

1) The Pacific Crest трага, САД - „Wild” (Дивина) на Шерил Стрејд



„Wild“ е мемоар кој го опишува 3-месечното патешествие на Шерил Стрејд во 1995. Во обид да се обиде да се опорави од последиците од смртта на нејзината мајка неколку години пред тоа, разделбата од нејзината фамилија и нејзиниот развод, Стрејд тргнала сама и комплетно неспремна на пат долг 1770km. од пустината Мохаве до Калифорнија и Орегон, па до државата Вашингтон. Нејзината издржливост била инспирација за многумина кои сакале да го пешачат овој пат. По издавањето на книгата во март 2012-та бројот на дозволи издадени на патниците се зголемил од 1879 во 2013-та на 6069 во 2017-та.

2) Капела Розлин, Шкотска – „Кодот на Да Винчи“ на Ден Браун



„Кодот на Да Винчи“ е новела за кодови скриени во делата на Леонардо Да Винчи, кои оние кои ги следат треба да ги одведат до „Светиот Грал“. Поради успешноста на книгата, многу од локациите кои се споменуваат во неа се цел на нејзините љубители кои сакаат да ги видат во живо.

Во 2004-та имало зголемување на патници од Лондон до Париз што било директно поврзано со љубителите на книгата кои таму оделе да „истражуваат“, а и ден денес има луѓе кои ги бројат стаклените триаголници на превртената пирамида во Лувр.

Најимпресивен и долгорочен ефект книгата имала врз капелата Розлин во Шкотска, чиј број на посетители нараснал на над 176000 годишно, овозможувајќи средства за нејзината конзервација.

3) Единбург, Шкотска – „Хари Потер“ серијата книги на ЏК Роулинг



Иако „Хари Потер“ филмовите се виновни за зголемување на бројот на посетители во некои делови на Англија, истото важи и за неколку локации во Единбург.

Таму има две кафулиња каде ЏК Роулинг пишувала делови од книгите, а тоа се „Elephant House” кој се рекламира како „местото на раѓање на Хари Потер“, и „Spoon Café” (поранешно Nicholsons Café) на кое има плакета на која пишува дека во собите на првиот кат од зградата ЏК Роулинг ги пишувала првите поглавја од книгите.

Уште една локација која ги привлекува фановите на книгите и филмовите е Greyfriars Kirkyard, гробишта лоцирани блиску до Elephant House, чии имиња на надгробните споменици инспирирале некои од карактерите во серијата, особено Tom Riddle (Lord Voldermort) чиј гроб е често прекриен со цвеќиња и пораки од фановите.

Хотелот Балморал, пак, поточно собата 522 е местото каде ЏК Роулинг го пишала последниот опус од серијата, т.е „ Хари Потер и Реликвиите на смртта“ на 11 јануари 2007.

4) Верона, Италија – „Ромео и Јулија“ на Вилијам Шекспир



„Ромео и Јулија“, трагичната приказна на Вилијам Шекспир од доцниот 16-ти век имала огромен ефект на Верона, градот каде се одвива дејството. Приказната за двајца млади луѓе кои се заљубуваат и покрај насилното ривалство помеѓу нивните фамилии е причина што градот е брендиран како „Град на љубовта“, а туристичкото биро одредило локации поврзани со приказната. Куќата на Јулија, градба од 13-тиот век, е реновирана во раните 1900-ти, и го има познатиот балкон под кој Ромео ја ветувал неговата вечна љубов.

За одредена сума куќата може да се посети и да се стои на балконот, а под него стои бронзена статуа на Јулија која е изабена од рацете на стотиците илјади туристи кои ја имаат допрено со надеж дека ќе им помогне да си ја пронајдат љубовта на нивниот живот. Посетителите можат да ја посетат и гробницата на Јулија, куќата на Ромео и бистата на Шекспир.

На располагање е и турнеја наречена „По стапките на Јулија“, а најголема атракција е „клубот на Јулија“, место каде сите 50 000 писма адресирани кон „Јулија, Верона“ кои пристигнуваат годишно од целиот свет можат се читаат, архивираат и на нив се одговара. Тука може да се посети архивата, да се одговори некое писмо и да се купат разни сувенири.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби