Напуштени градови низ светот

„Градови на духови“ и приказните кои се кријат зад нив

„Градовите на духови“ ги нема само во филмовите – насекаде низ светот постојат мистериозни напуштени градови кои постојат како морничава временска капсула, застанати во времето, привлекувајќи го вниманието на бројните туристи.

1) Витенум, Австралија



Основан во 1946-та, Витенум бил познат како рударски град во западна Австралија, чија блиска клисура била полна со син азбест, важен материјал за градење во раниот 20-ти век. До раните 1950-ти, Витенум станал најголем град во регионот Пилбара.

Поради здравствените проблеми кои ги предизвикува азбестот, за него побарувачката станувала сè помала што довело до затварање на рудникот во 1966-та и иселување на поголемиот дел од жителите кои барале работа на други места. Витенум официјално бил затворен во 2007-ма и австралиската влада презела чекори да го лимитира пристапот до овој град, по што го отстранила од официјалните мапи.

Поради природата на рудникот и ископувањата кои тука се одвивале, во горните слоеви на почвата и во воздухот има азбестни влакна, па така било каков престој таму е опасен. Во 2018-ма, во градот има само 3 постојани жители кои се противат на наредбите на австралиската влада.

2) Вароша, Кипар



Оваа туристичка дестинација порано ја посетувале познати личности како Елизабет Тејлор, Ричард Бартон, Ракел Велч и Брижит Бардо, а денес е сосема напуштена.

Во 1970-тите, ова била една од најпопуларните туристички дестинации во светот, но во 1974-та Турција го нападнала Кипар и се воделе борби во близината на градот, што ги натерало жителите на Вароша да избегаат од таму за да си ги спасат животите.

Вароша останал напуштен и под контрола на турската војска од 1974-та и на никого не му е дозволен пристап освен на воен и на персонал од Обединетите Нации.

3) Крако, Италија



Крако датира од пред 1060-тата, и за време на својата 100-годишна историја бил сведок на разни конфликти помеѓу монарси, армии и политички идеологии. Во 1963-та, последните 1800 жители биле присилени да го напуштат градот поради нивната лична безбедност и биле релоцирани во Крако Пешера, нов град во долината подолу.

Многу филмови го користеле овој град за да прикажат спектакуларни и автентични приказни.

4) Централија, Пенсилванија



Јагленот кој гори под градот Централија во Пенсилванија тоа го прави уште од 1962-ра и може да гори и во следните 250 години.

Обидот да се зачистат локалните депонии со горење ги запалил јаглените резерви под површината на овој малечок пенсилваниски град, а во годините додека горел оганот, жителите бавно ги напуштале своите домови плашејќи се не само од огнот под нив, туку и од свлечиштата кои се појавувале и потенцијалното труење со јаглерод моноксид.

5) Припјат, Украина



Основан во 1970-та како „нуклеарен град“, Припјат бил изграден специфично за да ги вдоми работниците во блиската нуклеарна централа Чернобил. Во Припјат имало над 13 000 апартмани, школи за 5000 деца, дузина продавници и кафулиња, кино, спортска сала, културен центар, неколку фабрики и болница.

По експлозијата на реакторот во Чернобил на 26-ти април 1986-та, целиот град бил евакуиран а жителите биле релоцирани во градот Славич.

Од тогаш нивото на радијација е значително намалено, а луѓето можат одреден период да поминат во оваа зона.

6) Боди, Калифорнија



Во доцните 1800-ти, Боди бил рударски град полн со луѓе кои се обидувале да земат „парче“ од „Калифорниската златна треска“.

Наредните години градот поминал низ сурови зими, болести и рударски несреќи кои довеле до смрт на полно жители, а високата стапка на криминал му донела репутација на беззаконие.

До 1882-ра, населението се намалувало бидејќи рударските компании банкротирале, а во наредните неколку декади градот бил рушен и повторно граден поради неколку пожари. До 1940-та, Боди се претворил во „град на духови“, а во 1962-ра, калифорниските паркови го презеле со цел да го претворат во државен историски парк.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби