Хотели низ светот кои нудат прекрасен поглед

Наместо да уживате во прекрасните глетки, па потоа да се вратите во хотелот каде што престојувате, зошто истите да не ги гледате од хотелската соба?

Неколку хотели низ светот ја нудат токму таа можност.

1) Rocky Hills Retreat, Тасманија, Австралија



Овој луксузен хотел е опкружен со природа каде и да се свртите, а е опремен и со уметничко студио каде може да цртате, сликите или правите скулптури.

2) Capella Ubud, Убуд, Бали



Отворено во јули 2018-ма, ова одмаралиште овозможува да навлезете длабоко во природните убавини на Бали. Се наоѓа помеѓу дождовната шума Убуд, оризови полиња и светата река Вос.

Инаку, за време на неговата конструкција, не било исечено ниедно дрво.

3) Cayo Espanto, приватен остров во Белизе



Cayo Espanto е идеално за оние кои сакаат да побегнат од хаотичниот градски живот. Овој природен островски ресорт има вили со приватни пристаништа и поглед кој го одзема здивот.

4) The Loren, Бермуда



Ова е првиот новоизграден хотел на Бермуда во последниве 45 години, а дизајниран е да ја користи природната светлина и да им овозможи на гостите да уживаат во океанскиот поглед, а изграден е во карпа. Секој апартман има прекрасен поглед, сопствена приватна тераса и прозорци од подот до кровот.

5) Островот Фого,, Канада



Островот Фого е уникатна локација во текот на целата година, поради специфичниот поглед на ледените санти и снежното карпесто крајбрежје.

6) Tierra Patagonia, Чиле



Лоциран на брегот на езерото Сармиенто, секоја од 42-те соби во овој хотел има поглед на водата и Torres del Paine националниот парк.

7) ADLER Lodge ALPE, Италија



Планинскиот венец Доломити е светско наследство на UNESCO, а ADLER Lodge ALPE се наоѓа токму во неговата средина.

Поради локацијата, погледот тука постојано се менува во зависност од позицијата на сонцето на небото. Во зависност од каде се движите, ќе бидете пречекани или со снежен тепих или со расцветани цвеќиња, паднати лисја од дрвјата, или зелени долини.

8) Rockhouse Хотел, Јамајка



Овој легендарен ресорт во гратчето Негрил нуди прекрасен поглед на Карибите, а собите се сместени во тропски градини, нудејќи релаксирачки амбиент.

9) Fish River Lodge, Намибија



Се наоѓа на врвот на еден од најголемите светски кањони (Fish River Canyon) и на гостите им нуди да ја искусат пустинската дивина од комфорот на нивните соби.

10) Koh Yao Yai, Тајланд



Ова место е изградено со еколошки материјали од локални извори и е комплетно дел од неговата околина. Собите не нудат WiFi или телевизија, па гостите се приморани да бидат комплетно „исклучени“ и да уживаат во прекрасното опкружување.

11) Sheldon Chalet, Алјаска



До овој хотел се стигнува исклучиво со хеликоптер, бидејќи се наоѓа далеку над глечер, а собите нудат поглед на Северните светла и прекрасни зимски панорами.

12) John's Camp, Зимбабве



Дури и од креветот ќе можете да уживате во погледот врз реката Замбези, бидејќи ќе бидете сместени во отворени шатори.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби