Најдобри плажи каде може да го поминете зимскиот одмор

Дури и во зимските месеци, низ светот има дестинации каде може да уживате на плажа и кои во овој период нудат и дополнителни услуги како организирање на специјални настани. Еве дел од нив:

1) Тахити



Тахити е феноменална дестинација во Француска Полинезија составена од 118 острови и е прогласена за една од најдобрите места кои би требало да ги посетите во 2019.

2) Аруба



На ова карипско острово времето е совршено скоро во текот на целата година, а во зимските месеци тука се одвива Аруба карневалот кој вклучува  паради и неверојатна забава.

3) Ривиера Маја, Мексико



Во јануари и февруари летовите кон оваа локација се околу 30% поевтини отколку во останатиот дел од годината, што ја прави одлична за посета во зимските месеци.

Покрај тоа, тој период тука има уникатни прослави на разни празници како и некои природни феномени кои ги нема во летните месеци.

4) Фиџи



И кон Фиџи авионските летови се поевтини во зимските месеци, а температурата изнесува околу 26°C во тек на целата година.

5) Мозамбик



Благодарение на подобрената инфраструктура и новиот висечки мост (Мапуто-Катембе), пристапот на јужниот дел од Мозамбик е многу побрз – патот од Јоханесбург, Јужна Африка, до Мапуто, главниот град на Мозамбик порано траел 6 часа, а сега помалку од 2.

Крајбрежјето на Мапуто вклучува национален парк кој е дом на желки, ајкули, делфини и над 300 врсти на птици.

6) Ротнест, Австралија



На само 18 километри од Перт се наоѓа островот Ротнест, опкружен од водите на Индискиот океан. На овој остров нема возење автомобили туку само велосипеди,и е заштитен природен резерват.

7) Молокаи, Хаваи



Петтиот по големина хавајски остров нуди набљудување на китови и големи бранови за сурфање во зимскиот период. Бидејќи повеќето туристи ги посетуваат островите како Оаху или Мауи, Молокаи нуди помирно искуство без премногу гужви.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби