Најизолирани места во светот

Многу од најизолираните места во светот се дом на малечки градови со фасцинантна историја и култура, а до некои се стигнува исклучиво со брод или авион.

1) Полуостровот Кејп Јорк, Австралија

Најсеверната точка на Австралија, Кејп Јорк, е полуостров преполн со крокодили и одлично место за спортски риболов. Се наоѓа на околу 28-часови возење од Каирнс, а изнајмување на возило со погон на сите тркала е задолжително.

2) Ојмијакон, Русија



Овој руски град е познат по тоа што е најстуденото населено место во светот. Неговите 500 жители живеат во темнина 21 часа дневно, а просечната температура е -58°C.

Таму е невозможно да се растат култури од земјата, па луѓето се прехрануваат со месо од ирваси, замрзната риба и коцки мраз наполнети со крв од коњ во комбинација со макарони.

3) Бароу, Алјаска



До Бароу не водат патишта – до овој град се стигнува исклучиво со авион, а зимата се состои од 65 последователни денови поминати во темнина.

4) Иторкортормит, Гренланд



Основан во 1925-та, ова населено место кое има 450 жители е толку оддалечено што до него се стигнува само со хеликоптер од блискиот аеродром.

5) Островите Кергелен, Француски јужни и Антарктички земји.



Овие острови во Индискиот океан се наоѓаат на 3200км. од најјужниот дел на Африка и до нив се стигнува исклучиво со брод 4 дена во годината.

Овие острови се изложени на дожд или снег 300 дена во годината, а повеќето луѓе кои живеат таму се француски истражувачи.

6) Островот Сокотра, Јемен



Островот Сокотра изгледа како вонземски свет, благодарение на дрвото со чуден изглед наречено „змејска крв“ (Dragon Blood Tree).

Тука има околу 800 ретки видови на билки, од кои една третина ги нема никаде на друго место во светот. Сокотра е прогласен за светско наследство на УНЕСКО и има 40 000 жители. Првиот пат тука е изграден во 2011-та.

7) Лонгиербаен, Норвешка



Најсеверниот град во светот, Лонгиербаен, се наоѓа на 3 часа лет од Осло и е толку студен што таму не е легално да се биде закопан бидејќи телата не се разградуваат во смрзнатата земја. Наместо тоа, тие треба со авион да се пренесат во внатрешноста на земјата за закоп.

8) Икалуит, Канада

На овој град може да му се пристапи само по воден и воздушен пат, а се наоѓа на 2000км. од Отава. Неговата најпозната атракција е „патот кој не води никаде“ на кои туристите можат да пешачат, возат автомобил или мотор или пак скијаат, за да завршат во пустелија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби