Подводни ресторани низ светот

Многу ресторани низ светот нудат прекрасен видик на езеро, море или планини и се совршена локација за набљудување на зајдисонце.

Но, доколку сте во потрага по нешто понеобично, размислете за посета на некој подводен ресторан. Уживањето во храната додека сте опкружени со стакло длабоко под вода може да делува застрашувачки, но е неверојатно возбудливо.

1) Ithaa, Малдиви



Лоциран 5 метри под нивото на водата во Conrad Maldives Rangali Island хотелот, Ithaa е првиот целосно стаклен подводен ресторан во светот и нуди прекрасен панорамски поглед на океанот додека јадете. Покрај тоа што е еден од најпрекрасните ресторани во светот, тој е еден и од најскапите.

2) L'Oceanográphic Submarino ресторан, Шпанија



Овој ресторан е лоциран во центарот на спектакуларен кружен аквариум, давајќи им на посетителите можност да набљудуваат мноштво риби и ајкули додека јадат, а медитеранското мени нуди морска храна и шпански специјалитети.

3) Atrium Bar, Германија



Atrium Bar се наоѓа во Raddison Blu хотелот во Берлин, под најголемиот цилиндричен аквариум во светот.

4) Poseidon, Фиџи



Мистериозниот остров Посејдон е лоциран на малечок приватен остров во Фиџи и нуди поглед од скоро 360 степени на океанот. Не само што можете да спиете во кревет кој гледа директно во него, тука може и да јадете оброк од 5 ѕвезди, па дури и да изнајмите сопствена подморница. Иако Посејдон сè уште не прима резервации, може да се регистрирате за да бидете известени кога тој процес ќе започне.

5) Subsix, Малдиви



Subsix е уште еден подводен ресторан на Малдивите и е лоциран скоро 6 метри под Индискиот Океан. Ова е и првиот подводен клуб во светот, каде може да танцувате со поглед директно во океанот. До него се стигнува исклучиво со глисер и преку скали кои водат 3 спрата надолу.

6) Under, Норвешка



Under е лоциран во Норвешкото море и треба да биде отворен оваа пролет. Ресторанот се очекува да биде првиот и најголем подводен ресторан во Европа, кој ќе собира 100 луѓе кои на располагање ќе имаат луксузен оброк од 15 до 18 порции. Бетонската зграда ќе се користи и како морски истражувачки центар кога ресторанот нема да работи, а ѕидовите најверојатно ќе се претворат во вештачки гребен за школки.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби