7 дестинации кои ќе ве маѓепсаат со својот колорит

Светот е полн со градови и згради во најразлични бои, а некаде богатиот колорит доаѓа од самата природа.

1) Хокаидо, Јапонија



Овој јапонски остров е полн со шарени цвеќиња скоро низ периодот од целата година. Туристите генерално се советуваат да го посетат Хокаидо по завршувањето на зимската сезона, бидејќи променливите сезони резултираат со различни цветни култури.

2) Планината „Виножито“ (Vinicunca)



Оваа планина е прекриена со розови, сини, жолти, зелени, портокалови, виолетови и сини ленти – што се должи на природните геолошки процеси.

3) Cinque Terre, Италија



Оваа популарна туристичка дестинација е прогласена за светско наследство на UNESCO, а се работи за група од 5 малечки села на брегот на италијанската ривиера

4) Големиот извор, Јелоустоун национален парк



Oвој врел извор е најголемиот во САД и трет по големина во светот, а секој од неговите обоени прстени е составен од различен вид термофили, микроорганизми кои живеат на високи температури.

Врз различните термофили кои се адаптирани на уникатни температури и pH нивоа на нивното опкружување различно влијае експонирањето на ултравиолетовата светлина од сонцето, што создава виножитна обоеност на изворот.

5) Ледените пештери Менденхал, Алјаска



Овие пештери се лоцирани во глечерот Менденхал кој е долг 24km. До него се пристигнува исклучиво по воздушен или воден пат до градот Јуно, од каде следи скоро 4-часовно пешачење до неговата локација.

6) Реката Рио Тинто, Шпанија



Реката е позната по нејзината црвено портокалова боја, која потекнува од железото кое се раствора во водата од скоро 5000 годишната рударска активност.

7) Езерото Хилиер, Австралија



На научниците сè уште не им е целосно јасно зошто ова езеро има розова пигментација. Според една теорија, бојата потекнува од присуството на врстата на алги Dunaliella salina и розовата халобактерија. Меѓутоа, езерото е розово во текот на целат година, за разлика од останатите розови езера чија боја се менува во зависност од промената на температурите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби