Дестинации кои ќе ве воодушеват со својата убавина

Секое место е  прекрасно на свој начин. Сепак, во светот има дестинации кои едноставно ќе ве воодушеват со својата убавина.

1) Реката Caño Cristales, Колумбија



Позната и како „река од 5 бои“ и „течно виножито“, оваа река изгледа нормално во поголемиот дел од годината, сè додека не „експлодира“ со бои од јуни, до ноември. Во тој период, уникатна билка наречена Macarenia clavigera расте на дното на реката, давајќи црвена боја која се меша со сината боја на водата, зелениот мов и жолтиот песок.

2) Пештерите Ваитомо, Нов Зеланд



Илјадници црви ги осветлуваат овие пештери кои се отворени за јавноста од 1889-та, а кои на Маорите им биле познати многу пред тоа. Всушност, името Ваитомо (Waitomo) потекнува од маорските зборови wai (вода) и tomo (дупка или влез).

3) Камената шума, Кина



Oваа „шума“ направена од камен се протега на површина од 390 km² и е стара 270 милиони години. Гигантските столбови се антички формации креирани од ерозијата од вода, ветрот, како и од сеизмички активности. Во оваа шума има и пештери, водопади, езерца, како и подземна река.

4) Езерото Мазасир, Азербејџан



Ова розово езеро бојата ја добива од микроорганизмите наречени халофили и најинтензивна е во летниот период.

5) Геолошки парк Zhangye Danxia, Кина



Овие колоритни планини се направени од слоеви минерали и карпи, кои настанале кога тектонските плочи предизвикале островот кој денес е Индија да се судри со остатокот од Евроазискиот континент.

6) Плажата Reynisfjara, Исланд



Плажата Reynisfjara делува како да е од друга планета, благодарение на црниот песок, базалтните карпи и маглата која често ја опкружува, а понекогаш од тука може да се видат и Северните светла.

7) Skógafoss, Исланд



Овој водопад тече не од еден, туку од два глечера (Eyjafjallajokull и Myrdalsjokull). Според легендата, викингот наречен Thrasi го скрил неговиот сандак со злато токму под водопадот.

8) Биолуминисцентни плажи, Малдиви



За да се искусат овие магични светлечки плажи, треба да се посети било кое од 1190-те острови на Малдивите.

9) Мермерни пештери, Чиле



Лоцирани во Патагонија, мермерните пештери на Чиле познати и како „Мермерна катедрала“ биле креирани пред повеќе од 6000 години од брановите кои ги еродирале карпите.

10) Планината Еребус, Антарктик

Иако е тешко да се поверува, во Арктикот има и вулкани. Планината Еребус е најсеверниот активен вулкан во светот кој датира од пред 1.3 милиони години.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби