Истражете ги убавините на градот Охрид ова лето и заштедете со Cashback

Доколку сè уште не сте се одлучиле каде да летувате ова лето, не заборавајте дека најубавиот бисер на нашата земја, градот Охрид, секогаш нуди атрактивни понуди и неодоливи убавини како кристалното Охридско Езеро, манастирот Св. Јован Канео, Плаошник, Билјанини извори, Св. Наум, Заливот на коските и многу други, кои се само дел од локациите што едноставно морате да ги посетите повторно и повторно и повторно...

Но, она што е најинтересно е дека доколку се одлучите за посета на Охрид, не само што ќе уживате во беспрекорните убавини, туку ќе имате прилика и да заштедите благодарение на Cashback.

Како до поевтин одмор?

Доколку поседувате Cashback картичка, можете да добиете одреден процент на поврат на вашите средства кај сите трговски партнери на Cashback. Сè што треба да направите е само да ја приложите вашата картичка во одбраниот хотел или вила и попустот автоматски се пресметува. А, за да не лутате на кои места може да го добиете овој атрактивен попуст, ние ви претставуваме неколку локации покрај прекрасното Охридско Езеро, каде ќе уживате во убавините на градот, во традиционалната македонска кујна и во мирот и спокојот што ви го нуди Охрид:

1. Одличен одмор во боровата шума во населбата Св. Стефан, на четири километри од Охрид и стотина метри од езерското крајбрежје, „Хотел Белведере“ е бренд што нуди широк спектар на услуги и комфорт, но и уживање во прекрасните погледи на Охридското Езеро. Овој хотел со 4 ѕвездички нуди совршен баланс помеѓу класичната елеганција и модерното уредување во 89 новодекорирани соби, еден модерен хотелски и два традиционални ресторани во центарот на градот Охрид. Дополнително располага и со пијано лоби бар, антикварница и сопствен паркинг. Во пријатната атмосфера и уникатен амбиент, ќе ја пронајдете вистинската убавина и желбата да повторно се вратите во „Хотел Белведере“, а тука ќе добиете 3% Cashback - повеќе информации овде.

2. Друго одлично место што е лоцирано во населбата Свети Стефан е „Вила Инекс“ која се наоѓа во првиот ред објекти на брегот на Охридското Езеро, југоисточно од градот Охрид. Лежи на самиот брег, на најубавата и најпосетената „Славија“ плажа. Патот до вилата оди под падините на планината Галичица, покрај брегот на Охридското Езеро и води кон најпривлечните и најпосетените хотели, ресторани, плажи, места за рекреација и забава, сè до манастирот Свети Наум, сместен на самата граница со Албанија. Во „Вила Инекс“, добивате 2% поврат на вашите средства со CashBack - повеќе информации овде.

3. Уште едно место кое нема да ве остави рамнодушни на прекрасните охридски убавини, лоцирано во близина на манастирот Свети Стефан е „Хотел Инекс Олгица“. Ако го уплатите вашиот аранжман со Cashback во овој преубав комплекс со историја богата половина век, ќе добиете исто така 3% Cashback & Shopping Points. Освен оваа предност, во „Инекс Олгица“ ќе ве пречека беспрекорна услуга од професионалниот тим на хотелот, насмеани лица и желба повторно да го посетите - повеќе информации овде

4. Уште една атрактивна локација е „Сити Палас“ кој е новоизграден хотел со четири ѕвезди лоциран покрај брегот на Охридското Езеро, на само 200 метри од центарот на градот. Покрај комфорот и врвната услуга, самата положба овозможува извондреден спој на модерниот стил и долговековната историја. Хотелот располага со 20 соби кои имаат поглед кон прекрасното езеро. И со резервација на вашиот аранжман во „Хотел Сити Палас“,добивате 3% поврат на вашите средства, но и комплетно уживање во нов амбиент, вкусувајќи ги врвните кулинарски специјалитети – повеќе информации овде.

Во секој случај, без разлика дали сте љубители на убавината на градот, ноќниот живот, уживањето во ресторани и кафулиња или сакате мирен и тивок одмор во прекрасната шума на населбата Свети Стефан, веруваме дека нашите препораки за да го поминете своето лето во Охрид ќе ви бидат од корист, но истовремено ќе имате можност и дополнително да заштедите со поврат на вашите средства благодарение на Cashback.

Сè уште не сте дел од Cashback World?

Погледнете како бесплатно да станете дел од најголемата шопинг заедница овде и уверете се зошто Cashback картичката треба да биде дел од вашиот паричник и вашите патувања!



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби