Морничави туристички дестинации низ светот

При резервирање на одмор, многумина бараат забавни и релаксирачки дестинации, меѓутоа некои се заинтересирани и за поинтересни, па дури и морничави локации како разни „опседнати“ хотели и сл.

1) Хотел Стенли, САД



Историскиот хотел Стенли (стар над 100 години) во паркот Естес во Колорадо, бил инспирација за Overlook Hotel во делото „Сјаење“ (Shining) на Стивен Кинг. Денес, хотелот нуди неколку различни тури за туристите, вклучувајќи ја и онаа која им ги претставува „активните“ феномени и фолклорот поврзан со духови

2) Замокот Бран, Романија

Познат и како „замокот на Дракула“, замокот Бран во Романија е популарна туристичка атракција за фановите на познатиот хорор на Брем Стокер.

3) Куќата на Лизи Борден, САД

Лоцирана во Масачусетс, ова е куќата каде Лизи Борден ги убила таткото и маќеата со секира во 1892-ра. Од 1996-та, таа е претворена во хотел и музеј со секојдневни тури.

4) Островот на куклите, Мексико Сити



Според легендата, старите жители на островот на куклите, ги обесувале куклите за да го избркаат духот на некое девојче кое се удавило во водите на каналите.

5) Катакомбите Капучин, Италија

Катакомбите Капучин во Палермо содржат мумифицирани тела на илјадници монаси и влијателни жители.

6) Медицински музеј Сириаџ, Тајланд

Во медицинскиот музеј Сириаџ во Бангкок, Тајланд, има изложено бројни морничави артефакти, вклучувајќи и мумифициран леш на познат сериски убиец и докази земени од разни места каде биле извршени злосторства.

7) Џером, градот на духови, САД



Џером во Аризона бил рударски град чија популација ја снемало откако рударските работи прекинале на средината на 20-тиот век. Денес, бројни компании организираат тури во овој „град на духови“.

8) Костурницата Седлек, Чешка

Лоцирана под црква, костурницата Седлек во Кутна Хора, Чешка, е декорирана со коски од над 40 000 луѓе.

9) Гуанахуато, Мексико

Гуанахуато е дом на познатите „мумии на Гуанахуато“ – тела на жртвите на колера од 19-тиот век кои биле ископани и поставени во музејот наречен El Museo de las Momias.

10) Хорор куќата Амитивил, САД



Оваа куќа во Њујорк е локацијата од книгата и филмските адаптации „The Amityville Horror”. Во неа, Роналд ДеФео ги убил 6-те членови на неговата фамилија, а оние кои потоа живееле во неа пријавиле паранормални активности кои ги натерале да се иселат.

11) Замокот на вештерката, САД

Постојат полно приказни поврзани со убиства и паранормални појави во „Замокот на вештерката“ во шумскиот парк во Портланд, Орегон. Некои имаат фотографирано топки плазма, други пак велат дека доколку се посети околу полноќ, можат да се видат бројни духови кои се во меѓусебна борба и сл. Се верува дека тоа можеби се духовите на членовите на фамилиите Балч и Стамп, од кои некои биле убиени, некои обесени како казна за убиството и сл.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби