Некаде со Роберт Смилески... Џодпур, Раџастан, Индија

Трите чуда во Раџастан

Повеќето луѓе кога ќе си ја замислат Индија, всушност, си замислуваат слики од индиската држава Раџастан: махараџи, слонови, камили, прекрасни тврдини, храмови, сари во сите бои…

Да, сето тоа навистина постои, но и веднаш да ја дополнам листата за да биде пореалистична: пеколни горештини, стрес, животни на кои им се гледаат скелетите, шафран, кари и други илјадници зачини, пискава музика од Боливуд на сите страни, здодевни и неуморни улични продавачи на сè и сешто... и конечно, единствена мешавина на егзотика, мистика и фрустрации од неможноста да си го планирате својот живот без дозвола на Кришна, Вишну и останатите

Величествени. Ова е мешавината која час инспирира, час фрустрира. Добредојдовте во Индија.

Чудо 1: Чај

Се будам пливнат в пот. Ме разбуди звукот на пискавите кочници на вагоните. Стасавме во некое место во Раџастан. Јас, преку мојата тенка мокра маичка, и вековното седиште со испукана кожа, веќе бевме едно – залепени, небаре тукушто венчани. Лево од мене на рамо ми заспал, како романтична љубовница, некој раџастански селанец со портоколов турбан и долги црни мустаќи.

Би сакал да станам, но тоа на вакви хаотични станици не е препорачливо. Треба да се остане до својот багаж, бидејќи тој наизглед безвреден товар со лични потрепштини, во Индија добива димензија на прибор за спасување животи.Гледам низ малиот прозорец со решетки – се чувствувам како во подморницата Курск која само што излегла на површината да земе свеж воздух пред своето последно нурнување во морските длабочини. Надвор станицата пулсира во бранови од луѓе во комотни алишта.

Слабите, но жилави портери облечени во црвено, на глава носат редици преполнети куфери потешки од нив. Поради тежината тие не смеат да застанат – законите на физиката еве ги на дело: додека се во движење и товарот е поднослив. Се продаваат разни закуски свиткани во стари весници. Најмладите трговци носат чајници од тенеќе од кои се шири убава миризба. Пареата на врелиот, сладок и леплив индиски чај се препознава и во овој жежок летен ден. Во букетот од испружени раце махинално ја придодавам и мојата. Едни големи црни детски очи брзо ја препознаваат раката на странецот и ми подаваат мала валкана керамичка шолја индиски „мелем“. Со едната му давам неколку рупии, а со другата се напивам од чајот без многу да ја допирам шолјата на усните. Наеднаш ми се будат сите животни функции и ми се отвораат очите. Само што ја испив највкусната голтка чај во мојот живот! Ми се врати енергијата, се исправив, го поттурнував заспаниот убавец кој само што не беше почнал да се лигави во сонот и го отворив мојот извалкан тефтер за да запишам за последното чудо што го видов во Индија... За да се преживеат Индија и бесконечните патувања со воз, потребни се мали чуда испорачани од луѓе и во моменти кога најмалку очекуваш.

Тие детски очи беа пратени од некое индиско божество за да спасат еден човек од милијардата луѓе за кои тие се надлежни на тој зовриен потконтинент придвижуван од соништа и надежи за нови следни чуда.

Чудо 2: Паан

Станица на градот Џодпур во попладневните часови. Конечно стасав. Контурите на градот наѕираа како пустинска фатаморгана. Добредојдов во Раџастан, една од најромантичните држави во Индија. Излегувам надвор од станицата на паркингот преполн со рикши, прашина, такси од марката Амбасадор, мрзливи мажи кои пушат и чекаат жртви за превоз, редици стари шарени камиони и стоки за испорака што некој треба да ги собере и однесе... Немав сила да почнам со преговарање за цената на превозот до центарот на градот. Се пробивам низ толпата настојчиви возачи на рикша и седнувам сам во таксито. Сепак прашувам за цена пред да тргнеме, колку да види таксистот дека и јас сум како сите, на преживување низ Индија, и дека седнувам кај него не од потреба за луксуз, туку од очај. Надвор температурата не се спушташе и беше сигурно над 40 степени, иако тоа во Индија никој не можеше да го потврди, а и зошто би им била потребна таква информација?

Полека напредуваме низ толпите од луѓе, колички и свети крави и излегуваме на тесен нерамен пат кој водеше во центарот на синиот град. Палетата на портокаловата боја од песокот и сонцето се обогати со сината тиркизна боја на повеќето од трошните куќи во градот. Очите ми се ширум отворени. Сакам ова возење да не ми е последно. Возачот ми дава една доза паан, за релаксирање и освежување на устата.

Си замотува и за себе со една рака, додека со другата, де го држи воланот, де ја поднаместува својата мрсна коса ѕиркајќи во поткршеното огледало над шофершајбната. Зелен лист бетел, зачини и бетелов плод и ете го новото чудо – тонизирачкото дејство ми ги отвори сетилата и ми ја поврати силата. Му наредив на таксистот да застане пред еден хотел пред кој видов странци и млади луѓе со ранци.

Тој се побуни дека сме се договориле да одиме до центарот за што требаше да ја добие договорена сума. Застана, му дадов речиси толку, но не сосема, му се заблагодарив и го оставив да зборува на јазик кој од лош англиски се претвораше во некој од индиските... Така се прави во Индија. И онака со моите пари може да си оди дома и да не работи во следните неколку дена.

Чудо 3: Веселиот босоног Џаин во Мехрангар

Над градот речиси вертикално се издигнува една од најголемите тврдини во Индија – Мехрангар. Нобеловецот Киплинг, инаку роден во Бомбај, во времето на Британската Индија, за тврдинава рекол дека е создадена од ангели и џинови, земајќи ја предвид големината, но и убавината.

Иако била главно изградена од одбранбени побуди, сепак внатре се сместени едни од најраскошните палати во тој дел на Индија. Генерации на Раџпути владееле од оваа неосвоива крепост изрезбана како чипка од црвен камен. Во нејзините ѕидини и денес се чуваат небројни богатства заштитени од државата: скапоцени накити и одежди, уметнички дела, движни и недвижни. Посетата на градот ја почнувам оттука. Ќе се поткачам до горе за да видам од повисоко каде сум стигнал.

Чекорам нагоре со толпа локални босоноги Џаини, припадници на малцинска религија во Индија која промовира мир и љубов меѓу сите живи суштества. На англиски јазик со индиски акцент ги примив првите индиски лекции тој ден, додека не стана прежешко за примање какви било информации, освен бавно впивање на реалноста. Му се пожалив за мачнините од патот вчера, а тој ми рече дека ме разбира, иако јас се сомневав дека е тоа така. А таа реалност според него е различна за мене и него, но сепак на крајот точни биле и двете, рече тој!?

Се разделивме, тргнав да истражувам сам, по сопствено темпо, а по неколку часа талкање по тврдината Мехрангар повторно ни се сретнаа патиштата на излегување. Горд бил што е Индиец во Мехрангар. Можеби различно го восприемавме овој ден и оваа прошетка, но сепак и двајцата бевме воодушевени од Мехрангар. Јас полека се симнував кон сино варосаниот град Џодпур правејќи планови за остатокот на денот, со мапа во едната и фотоапарат во другата рака, а Џаинот чие име не го запаметив, се упати надолу забрзано пеејќи некоја убава индиска песна на глас и внимавајќи да не нагази на некоја мравка или друго живо битие по пат. Ми дојде да запеам и јас за да ме чуе и тој, за да види дека и јас сум добро, но неговата бела наметка и белиот шал веќе се беа прелеале во шарената толпа на градот. Сепак, за себе, си ја викнав „Народе македонски“ иако текстот не ми текнуваше во моментот, па престанав на половина стих...



текст и фотографии: Роберт Смилески



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби