ФОТО: Најскапите хотели во светот!

Со неограничен буџет доаѓаат и неограничените можности и трошења. Богаташите обожаваат да трошат, а кога посетуваат некое место сакаат да престојуваат во едни од најлуксузните хотели, кои имаат буквално сè! Ви ја нудиме листата на најскапи хотели во светот.



На последно место се наоѓа хотелот „Park Hyatt Paris Vendome“ во Париз. Една вечер во овој хотел чини 15.000 долари!



Веднаш под него се наоѓа хотелот „Four Seasons George V“, чие ноќевање исто така изнесува 15.000 долари. Овде гостите не само што уживаат во луксузната услуга, туку и секоја соба има посебен поглед кон Ајфеловата кула.



На осмо место се наоѓа женевскиот хотел „Le Richemond“. Како што кажува и самото име – цената и нивото на луксузот се само за оние со најдлабок џеб бидејќи една ноќ чини 17.000 долари.



Како доминантна фигура на арапското крајбрежје, хотелот „Burj Al Arab“ во Дубаи, стана туристичка атракција. Откако многу холивудски ѕвезди го избраа овој хотел за свој одмор, цената на ноќевање скокна на 17.500 долари.



Секој на светот слушнал за Риц и тоа како синоним за врвен луксуз. Па така, на шесто место се наоѓа московскиот „Ritz-Carlton“, каде што една помината ноќ чини 17.500 долари. Сепак, има подобра позиција на листата од претходниот хотел поради долгодишната историја на ултимативен луксуз.



Atlantis Resort“ е хотел во Дубаи, кои можеби е најдобар пример на она што сè може да се направи кога нема буџетско ограничување. Овој хотел е изграден на вештачки остров, а цената од една вечер е 24.000 долари.



Швајцарскиот хотел „President Wilson“ е одраз на сè она што го претставува Женева, а цената на ноќевање е 30.000 долари.



Уште еден „Four Seasons“ хотел се најде на овогодинешната листа на најлуксузни хотели на светот – но овој пат оној во Њујорк. За 32.500 долари за една ноќ, ќе го добиете најубавиот поглед на Големото јаболко.



На второ место на најскап хотел е она каде што играчите доаѓаат да потрошат пари – Лас Вегас. Една ноќ во хотелот „Palms Casino Resort“ ќе ве чини 38.000 долари.



И на крај, најскапиот хотел на светот се наоѓа кај нашиот јужен сосед! Се работи за атинскиот „Grand Resort Lagonissi“, кој нуди ноќевање за вртоглави 47.500 долари!



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби