Балканскиот рај е на Скадарското езеро

Црна Гора може да се пофали со најголемото езеро на Балканот. На просторот помеѓу Подгорица и Бара се наоѓа Скадарското езеро, чија површина се простира на 40.000 хектари. Ова природно богатство, коe има статус и на национален парк, освен на Црна Гора и припаѓа и на Албанија.



Скадарското езеро има богата историја и култура за што сведочат бројните археолошки локалитети, средновековните манастири и цркви, народната архитектура, како што се рибарските села, старите мостови, млинови и бунари. Статусот на национален парк го стекнал во 1983 година.



Секојдневно, многу посетители го посетуваат ова природно богатство, кое овозможува идеални услови за развој на животински свет, особено на птиците. Според податоците, на езерото живеат, се вгнездуваат, зимуваат и се преселуваат 281 вид на птици, па езерото без двоумење се наоѓа на светската листа на водни живеалишта од меѓународно значење.

Освен птиците и рибите, разновиден е и билниот свет во самото езеро и во неговото опкружување. Посебна атракција за посетителите е крстарењето со кое може да се посети стариот затвор на островот на реката Морача, како и црногорската тврдина Lesendro.



Како што Црногорците си го посетуваат својот домашен бисер, така и странците доаѓаат само за него. Најчести посетители се Французите и Италијаните.

За време на летниот период, температурата на водата на Скадарското езеро е над 27˚, што е мошне примамливо за туристите. Просечната длабочина на езерото е 5 метри.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби