Бесполезните копчиња на алоха кошулите

Во гратчето Кона на Хавајските Острови човек никогаш не е далеку од некоја милувачка арома, како и од звукот на бранови во далечината – чиниш постојан фабрички сетиран звучен декор со смирувачки ефект како за локалните жители така и за туристите.



Мирисливо цветуле ми падна врз косата и наскоро јас и хавајските мириси прејдовме на „ти“ некаде на самиот праг пред ноздрите. Чекаме на клупата под едно дрво со огромна крошна полна со виолетови цветови кои ги има и на дрвото и долу, паднати наземи. Слушам бранови и ветер, стивнуваат, набрзо, едноподруго, за да се подзасилат, како да се надополнуваат. Забележувам дека никој никаде не брза, никој не е нервозен ни напнат.

Алоха, брату!



Пенливиот завршеток на океанот е пречекуван со радост од локалните момчиња, и по некоја девојка. Без постоењето на овие бранови не ќе ги имаше ни момчињата кои ги носат даските за сурфање цврсто стегнати под рамото како жените своите чанти. Едно од тие момчиња со откопчани шарени кошули во хавајско-лефтерен стил и тенки апостолки е човекот кого всушност ние го чекавме, а прилично доцнеше. Зборувајќи на телефон стиснат за образот, ете го господин Окалани насмеан, ни се прилижи, ни се извини кратко, симултано зборувајќи ни и нам и на соговорникот на мобилниот, ни ги предаде клучевите од изнајмениот автомобил паркиран до една раскошна грмушка и замина. „Се гледаме вечер на истото место“ изговори пред брзо-брзо да скршне во една уличка. „Алоха брату“, си помислив „ама во колку часот“???

Да не беа брановите и опојните мисковини, сонцето и благиот ветер, тогаш веројатно не ќе беа ни т.н. „хавајки“ - шарените митски раскопчани кошули на релаксираните босоноги и косооки Хавајци.

Земете платно со потемна позадина, секако по можност во некоја весела боја, и расфрлете два-три прстофати по целиот материјалот, сосема спонтано, по личен вкус: ананаси, палми, цветни леи, бранови и слични тропски симболи и ете ја добитната комбинација! По нив лудуваат и локалците и туристите. Најубаво прилегаат на оние кои се исончани и по можност малку со тркалезна става. Овде диетите не се на цена. Животот и храната се зачинети со брзите и вкусни „американа“ оброци кои сè почесто ги заменуваат традиционалните оброци со морски плодови. Овде познати како алоха кошули, „хавајките“се неизбежен дел од секој машки гардеробер. За локалните жители тие можат да се сметаат и како дел од службена облека, а и како локал-патриотска должност.

Историјата на кошулите

Историјата на овие кошули и не е така стара. Пред околу стотина години, во Хонолулу, синот на еден јапонски имигрант прв успева да ги продаде кошулите креирани од татковите платна со јапонски принтови. Подоцна некој кинески трговец во својот дуќан на Ваикики направил серија на вакви кошули користејќи ја залихата од останати материјалчиња наменети за женски кимона. Први кои ги искупиле сите залихи на „хавајките“ биле сурферите од градот и така и до ден денес тие се нивни препознатлив знак. Модерните нови хавајки во меѓувреме еволуирале и денес можат да се најдат и како кич сувенир за туристите, но и како парчиња облека со современ хавајски дизајн креирани од проминентни дизајнери. Најинтересните парчиња од нив можат да се сретнат и на официјалните поштенски марки на Хаваи.



Мамалахоа, островскиот пат бр. 11

Совршениот островски пат бр.11 наречен Мамалахоа околу вулканот Мауна Лоа неславно заврши по некои стотина километри југоисточно од Кона. ПАТОТ Е ЗАТВОРЕН ПОРАДИ ВУЛКАНСКА АКТИВНОСТ.

На островот каде што патиштата никаде не се земаат здраво за готово, тоа не би требало да е изненадување за овдешните жители. Тие, како и островиве - зелените вулкански смарагди фрлени на милост и немилост среде најголемиот океан на нашата планета – се деца на божицата Пеле и ги почитуваат нејзините лик и дела. Вулканот Мауна Лоа, издигнат на повеќе од 4 000 метри над тиркизниот океан што го опкружува еден од четирите поголеми Хавајски Острови е нејзината најголема творба. Кога Пеле сака да сопреме, бидејќи е во момент на творење и креирање нов хавајски пејзаж, нам не ни останува ништо друго, освен да се свртиме назад и да побараме нов пат кој води кон некоја друга тајна на овој уникатен остров на Земјата.



Римјанин во Рим, Хаваец на Хаваи

За помалку од два часа опуштено возење со отворени прозорци се нагледавме сосема различни пејзажи. Напуштајќи ги предградијата на Кона со дворови преполни со црвен хибискус, следеа песочните плажи со сурфери и накривени палми како од разгледници, па обработливи почви и полиња, активни вулкански реки, вулкански пустини и шуми небаре џунгли. Моментите за сопирање и овековечување на сите овие пејзажи беа толку чести што прекинатиот пат ни ги скрати и маките: првичната идеја да се заобиколи целиот остров тој ден веднаш беше напуштена. Каде и да се упатевме или застаневме, ја чувствував енергијата на првите Полинезијци кои пред нешто повеќе од илјада години го населиле ова скриено катче на светската мапа. И покрај спреченоста да се истера првично планираниот пат до крај, сепак не се разочарувам.

Во Рим прави како што прават римјаните, а во Хаваи како Хавајците. Си ја откопчав мојата алоха кошула, си ги поднаместив очилата за сонце и полека продолживме назад кон Кона, додека јас постојано и симултано зборував и на телефон и со луѓето околу мене. Станав некој нов господин Окалани, впрочен, вистинскиот Окалани којзнае во колку часот ќе биде на договореното место. Ќе се пронајдеме, кога и да е!

 

Текст и фотографија: Роберт Смилески



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби