Љубителите на уметноста секогаш прецизно ги избираат нивните дестинации за патување. Тие често ги одбираат центрите на музиката, театрите, музеите и високата уметност.
Доколку сте едни од овие фанатици, погледнете ги следните места кои изобилуваат со уметност и одберете ја вашата следна дестинација.
Сиена, Италија
Прво ја населија Етрурците, а потоа Римјаните. Овој град на тосканските брда поминал повеќе од 400 години, како независна република. Сиена стана препознатлива по Пјаца дел Кампо, главен трговски центар, кој и денес изгледа исто како и во 13 век. Исто така, позната е и по Палио ди Сиена, трката на коњи која се одржува од 17 век па се до денес.
Бројните градски цркви кријат големо ренесансно богатство, а најубава е Сиенската катедрала во која се изложени делата на Микеланџело, Донатело и Берни.
Париз, Франција
Кога и да го посетите, со вас останува цел живот. Во Париз се наоѓаат повеќе од 150 музеи, при што претставува еден уметнички центар на западниот свет. Само во Лувр можете да видите над 70.000 уметнички дела од сите епохи, вклучувајќи ја и Мона Лиза.
Најголемата колекција на дела на импресионистите и постимпресионистите може да се најде во музејот Орсеј, додека средиштето на модерната уметност е центарот Помпид.
Исто така, Париз е рај за љубителите на книжевноста, бидејќи во него се родени големите великани, како што се Волтер, Балзак и Молиер.
Венеција, Италија
Нигде на светот не е како во Венеција. Градот изграден на вода, до кој се оди пеш или со бродот, претставува трговски центар кој ги поврзува различните култури низ светот.
Базиликата на Св. Марко е една од најпознатите во светот, но освен по ова, Венеција е препознатлива и по мешавината од византиските и италијански стилови. Овде се родени Тицијано, Тинторето, Монтеверди и Вивалди, но и Шекспир и Томас Ман.
Рим, Италија
Рим или „вечниот град“ потекнува од времето на Ромул и Рем. Оттогаш е центар на цивилизацијата и културата – позната по древните остатоци на Колосеумот и Римскиот форум па се до архитектонското чудо Ватикан.
Великаните како што е Микеланџело, оставиле траги во овој град, па ќе имате што да разгледате во многубројните градски музеи и уметнички галерии. На крајот сите патишта водат кон Рим!
Салцбург, Австрија
Салцбург има навистина што да понуди. Ова е местото во кое е роден музичкиот гениј Моцарт, па градот се уште одржува Моцартови недели секој јануари.
Во стариот град можете да доживеете вистинско патување низ времето, поминувајќи низ беспрекорно зачуваните калдрми и згради кои потсетуваат на средниот век.
Прага, Чешка
Престолнината на старата Бохемија е еден од водечките културни центри во Европа, повеќе од 1.000 години. Неверојатната панорама на градот како да не била допрена за време на нацистичката окупација и крвавите побуни против советската рецесија. Не е ни чудо што токму во овој град се родени едни од најголемите револуционерни уметници како што се Дворжак, Кафка и Кундер.
Виена, Австрија
Музиката не би била толку позната доколку не постоела австриската престолнина која ги разви талентите на Хајдн, Моцарт, Бетовен, Брамс и Малер.
Денес, посетителите може да ги посетат бројните музеи, меѓу кои се Белведере и Музејот на модерната уметност. За љубителите на архитектурата, овде се наоѓаат фантастичните романски градби како што е Катедралата на св.Стефан и живописниот Hundertwasserhausa.
Будимпешта, Унгарија
Бисерот на Дунав, кои го основале Келтите пред 2.000 години, го доживеа својот врв во почетокот на 19 век, кога се споија Будим и Пешта. Иако со векови војувал, овој град опстанал со своите ренесансни и барокни градби. Покрај тоа, можете да ги видете и остатоците на древните римски тврдини.
Санкт Петербург, Русија
Фјодор Достоевски својот втор дом го нарече „најинтернационалниот и апстрактен град на светот“. Создаден за многу кратко време во времето на Петар Велики, овој втор најголем град по големина во Русија и сам по себе е едно уметничко дело.
Покрај турбулентното минато, се покажа како плодна почва за книжевноста од каде што потекнуваат Пушкин, Набоков и Ранд.
Сантијаго де Копостела, Шпанија
Со векови католиците одат на аџилак во овој град, престолнина на Галиција поради катедралата, во која според легендата се наоѓаат остатоците на Св. Јаков, еден од 12-те Исусови апостоли.
Сепак, не морате да бидете религиозни за да го посетите овој град.
Луксор, Египет
Ова 400.000 години старо население денес има две страни: една на источното крајбрежје Нил, каде што се наоѓа модерниот дел и западна страна – илјади години стар град на мртвите – Некропол.
Исто така, долината на кралевите е местото на кое почиваат повеќе од 60 фараони од времето на Новото кралство.
Краков, Полска
УНЕСКО го прогласи Краков за град на литературата во 2013 година и тоа со добра причина. Во градот, секоја година се одржуваат повеќе од 50 литературни фестивали, а може да се пофали и со еден од најстарите универзитети на светот - Јегелонскиот универзитет.