Најубавите кејови покрај море кои нудат незаборавна романтика

Кејот понекогаш е место на кое се одвиваат најдобрите забави во градовите кои можат да се пофалат со море. На него се сместени најдобрите ресторани, клубови и кафе барови, но и места каде што се одвиваат најголемите концерти и претстави.

И токму поради тоа кејовите имаат некаква посебна магија. Ви ги нудиме најубавите кејови во Европа, од кои мора да посетите барем еден и таму да уживате во залезот на сонцето.

Брајтон



Брајтон од неодамна е прогласен за најдобра светска дестинација за одмор на плажа. Наутро на овој кеј се наредени продавачите на риба, а потоа се претвора во место за вистинска забава. Посебна убавина на кејот им даваат уметниците кои сликаат прекрасни пејзажи и портрети.

Кливдон



Ова е град кој се наоѓа во Обединетото кралство, а неговиот кеј датира уште од 1869 година. Сепак, не е толку популарен поради настаните, туку поради самиот изглед, кој совршено се вклопува со Викторијанскиот шарм на градот.

Зелин



Зелин е кеј на Балтичко море, а се наоѓа на германскиот остров Руген. На кејот се наоѓа ресторан и прекрасна гондола за лулање.

Блекпул



Ова дефинитивно е омиленото одморалиште на Британците, кои токму на ова место ја наоѓаат вистинската забава, а има и многубројни атракции.

Херингсдорф



Еден од најсофистицираните градови во Германија. Дури и денес можете да ја почувствувате магијата на златото од 20-те години од минатиот век.

Кромер



Сигурни сме дека ова е единствениот кеј во светот на кој е сместен театар. Веднаш до театарот се наоѓа спасувачка служба, во случај некој вљубеник на културата да одлута во море.

Бланкенберг



Глетката на овој град е препознатлива токму поради кејот кој се протега на 350 метри длабочина во морето, а завршува со зграда на која има осветлено шеталиште.

Шевенинген



Ако сте во потрага по мирот и тишината, ова е вистинското место за вас. Иако понекогаш е полн со посетители, овде секогаш владее тишината, а можете да уживате и во звукот на брановите.

Сопот



Овој древен кеј е најстара атракција во Сопот, мал град во северна Полска. Воедно е и најдолга дрвена конструкција во Европа која се протега на 511 метри, а е широк 10 метри.

Плок



Со својата феноменална локација на реката Висла, преубавата конструкција совршено се вклопува со околниот пејзаж.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби