Метро станици пооригинални и од хотели со 5 ѕвезди

Низ светот постојат многубројни метро станици, во кои некои од нас можеби веќе се возеле. По овие фотографии, ќе зажалиме што ние немаме метро станици и не можеме да уживаме во еден ентериер подобар од ентериерот на хотел со 5 ѕвездички.

Москва, Русија



Метро станицата „Славјански булевар“ во Москва е во употреба од 2008 година. Оваа станица покрај прекрасните ламби е украсена со неверојатни мозаици кои ја опишуваат Руската историја уште од 1200-тите години. Освен „Славјанкси булевар“ постои и „Мајаковскаја станицата“ која била изградена во 1939 година, исто така украсена со мозаици наречени „24-часовното советско небо“ од уметникот Александер Дејнека.



Дубаи



Под трговскиот центар „Burjuman“, се протега метро станицата „Khalid Bin Al Waleed“, која е изградена во 2009 година. Дубаи не би бил тоа што е ако нема фантастични градби и ентериери, како нивното метро.



Неапол, Италија



Неодамна оваа метро станица ја нарекоа Метро-уметничка станица, благодарение на универзитетот по уметност во Неапол. Најзаслужен за овој изглед е уметникот Карим Рашид, заедно со неговите студенти.



Шангај, Кина



Тунелот во Шангај каде што се движи метрото е нешто што изгледа како шарен дожд додека се возите. Секој тунел има различни бои кои воодушевуваат.



Киев, Украина



Метро станицата во Киев е украсена со мозаици од културното наследство на Украина. Секој оддел има своја приказна од историјата.



Париз, Франција



„Arts et Metiers“ станицата или во превод уметност и мајсторство ја доби својата убавина во 1994 година и тоа инспирирана од стриповите на Франсуа Шуитен.



Каошунг, Тајван



Името на оваа станица доаѓа токму од нивниот парк и се нарекува „Central Park“, но не случајно. Таа е исполнета со многу цвеќиња и дрвја,кои потсетуваат на парк, но го поседува и најголемото уметничко дело на стакло во светот!



Токио, Јапонија



Јапонската алтернативна архитектура е преточена токму во нивната метро станица, која е отворена уште во 1928 година.



Прага, Чешка



Оваа станица можеби е една од најскапите бидејќи нејзината изградба изнесувала неверојатни 11.5 милиони долари. За да стигнете до неа треба да се симнете по најдолгиот ескалатор во Европа!



Барселона, Шпанија



Во 2007 година, „Drassanes“ станицата во Барселона доби свое освежување, па оттогаш потсетува на вселенската одисеја.



Минхен, Германија



Ова е една од најфотографираните метро станици во светот, благодарение на огромните ламби. Отворена во 1997 година, „Candidplatz“ е една од најколоритната метро станица во Европа.



Св.Петербург, Русија



Неокласичноста и бронзата преовладуваат во ентериерот на оваа станица, отворена во 1955 година. Низ станицата „Кировски завод“ поминуваат многу повеќе патници отколку што е предвидено.



Лисабон, Португалија



Отворена во 1998 година,„Olaias“ станицата е една од станиците која најмногу ја претставува уличната уметност, покрај станиците во Стокхолм, Москва и Монтреал.



Стокхолм, Шведска



Оваа е една од најпознатите станици во светот, токму поради нејзиниот дизајн. Освен неверојатните бои, содржи делови од шведската архитектура од 50-тите и 60-тите години.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби