Туристичките агенции со понуди од 49 до 899 евра!

Повторно дојде оној период во годината кога сите ние сме понесени од новогодишната и божиќната атмосфера. Речиси секој плоштад низ земјата е украсен со огромни елки, а улиците се осветлени со сијалички во разни бои и форми. Се што треба е да падне снегот и секое утро да се будиме мислејќи дека живееме во бајка. Сепак, како што се наближува најлудата ноќ во годината, она што не мачи е каде и како да се испрати старата, а да се дочека новата година. Сите некаде лутаме лево – десно надевајќи се дека ќе ја најдеме понудата која најмногу ни одговара и за нашиот џеб, но и за нашето расположение.



Многумина имаат свои традиции чекајќи ја новата година во фамилијарна и традиционална атмосфера, но што мислите барем оваа година да смените нешто?

Туристичките агенции се преплавени со понуди. Која од која нудат поубави и подобри понуди. Број еден дестинација ни е нашата убава земја. Можете ли да ги замислите Маврово, Пелистер или Берово обоени во бело? Ем ќе си се одморите, ем ќе си ја дочекате новата година со бела прекривка, за која не сме сигурни дали ќе ја има по останатите градови. Хотелите во Маврово почнуваат со цена од 140 евра од лице за две ноќевања со појадок, односно во хотел „Спорт“, па сѐ до 444 евра за три ноќевања во хотел „Радика“. Во хотел „Молика“ две ноќевања ќе ве чинат 89 евра. Можете да го изберете и убавиот Охрид, чии хотели нудат новогодишни прослави и ноќевања почнувајќи од 129 евра до 169 евра за две ноќевања. Сите понуди можете да ги погледнете на официјалната страна на туристичката агенција „Savana“. Ако не сте расположени за хотели, ноќните клубови, кафани и кафе барови секогаш знаат да понудат одлични аранжмани.



Освен дочек во нашата земја, многумина се одлучуваат да го посетат Белград, градот кој има најлуд ноќен живот, па ја дочекуваат новата година во некој сплав или во некоја позната кафана. Понудите за Белград се бесконечни. Туристичката агенција „Rapsody Travel“ нуди 3-дневна посета на Белград, која освен што опфаќа дочек на новата година, опфаќа и посета на центарот на градот, познатата улица Кнез Михајлова, Калемегдан, Студенскиот парк и многу други знаменитости. Понудата која ќе ви ја долови најлудата атмосфера е достапна почнувајќи од 49 евра! Исто така и „Nehar Travel“ нуди аранжмани за Белград од 59 евра, при што повеќе ги опфаќа историските знаменитости. Речиси сите туристички агенции нудат неверојатно евтини понуди, некои дури и со подолг престој.



Добар избор се и соседните земји како што се Грција, Бугарија, Турција или Црна Гора. Најчесто во Грција се организираат посети до Солун или Атина. За Солун, кој е препознатлив по Белата кула, Аристотеловиот плоштад, црквата Св. Димитрија, а денес и како еден од најдобрите шопинг центри во Европа, постојат многу понуди и тоа со цена од 88 евра па до 145 евра. Освен Солун, и главниот град на Грција, Атина е мошне барана дестинација за дочек на новата година. Многумина сакаат да ја поминат новата година на познатиот плоштад , Синтагма, но и да ги посетат парламентот, храмот на Зевс, Акропол, Микена и многу други историски знаменитости. Ако сте љубители на историјата, слободно зграпчете ги понудите на туристичките агенции „Falcon“ и „Neha Travel“  кои чинат само 99 евра!



Што мислите да го посетите мистичниот Истанбул, центарот на трите империи, чии белег претставуваат неверојатните цркви, џамии, музеи, дворци и ориентални базари? Ако сакате да патувате со автобус, Истанбул ви е достапен за околу 150 евра од речиси сите агенции, додека за патувањето со авион ќе ви бидат потребни дополнителни 100 евра. Како и да е, никогаш нема да зажалите за тоа што сте ја дочекале новата година токму во турската престолнина.



Исто така и главниот град на Бугарија, Софија е честа дестинација, каде што туристите обожаваат да ги посетат најголемите трговски центри, како што се Икеа и Сердика, но и некои од препознатливите историски споменици Цумот, храмот на Александар Невски и националниот и историски музеј. Аранжманите почнуваат со цени од 79 евра, па сѐ до 99 евра. Понудите можете да ги разгледате во повеќето туристички агенции како што се „Aurora“, „Falcon“ и „Savana“.



Доколку имате подлабок џеб и сакате да се „мавнете“ што подалеку од тука, тогаш за вас идеални дестинации се Берлин, Амстердам, Париз, Милано, Виена, Азурниот брег, па дури и Дубаи.

Зошто да не го посетите Берлин кој воодушевува со културно историските споменици и бројните симболи на некогаш поделениот град, но и со својата модерна архитектура, силната клупска сцена и со младата популација? Или пак повеќе го преферирате Амстердам кој плени со својата контроверзност, романтичните пејзажи, карактеристичната холандската архитектура, каналите, мостовите и бродовите сѐ до познатата Црвена зона. „Rapsody Travel“ ви нуди неколку дневни аранжмани за овие центри и тоа за цени од 219 и 249 евра.



Со самото спомнување на градот Париз, веднаш ве опфаќаат романтични чувства, бидејќи знаете дека тоа е градот на светлината, високата мода и уметноста. Дочекот во Париз ќе направи уште повеќе да се вљубите во градот и повторно да се вратите во него. Но, и Милано плени со својата убавина, уличната мода и уметноста. Понудите на „Iguana“ се идеални за овие дестинации и тоа во вредност од 333 и 335 евра!



Ако сте расположени за изненадувачки убавата Будимпешта и космополитската метропола Прага со својата зачувана традиција или пак за неверојатната магија на Азурниот брег и Италија, „Aurora“ ви нуди аранжмани со цени од 159 евра и 269 евра.



Дубаи – дестинацијата за која секој сонува. Можеби ви треба многу длабок џеб со оглед на тоа дека авионските аранжмани на туристичката агенција „Papillon“ чинат 870 евра, сепак секое евро што ќе го дадете – вреди! Комбинацијата која ја нуди Дубаи со своите најквалитетни хотели, белите плажи, луксузот, како и фасцинантните архитектонски проекти, зачинети со ориентална атмосфера се вистинско незаборавно искуство, кое ќе го паметете целиот живот.



Од туристичките агенции се мошне изненадени за големиот интерес и за раното закажување на аранжманите. Најбарани аранжмани се за Будимпешта и Прага, како и  Амстердам и Рим.

- Токму Будимпешта и Прага се едни од аранжманите кои се најбарани за новогодишните празници. Она што е однапред продадено се аранжманите за Милано со авион и Истанбул со авион и со автобус, кои се мошне популарни во последно време. Аранжманите за Истанбул се бараат скоро за секој празник. Понудите за кои помалку има интерес се Виена и Венеција, ни кажа Александар Чоневски, управителот на туристичката агенција „Iguana“.

Ако побрзате во „Iguana“ до 22 декември, понудата за 4 дена во Будимпешта ќе ја добиете за 99 евра, а за 5 дена чини 129 евра.

Исто така и авионските дестинации се мошне барани.

- Аранжманите кои се авионски секогаш брзо одат. До сега, најголема заинтересираност имаа аранжманите за Јордан, Амстердам, Рим и Истанбул. Од автобуските аранжмани меѓу најбараните се Будимпешта, а на наше изненадување и Атина. Мошне привлечна програма нуди и аранжманот за Букурешт, кој исто така е мошне популарен и тоа не само за новогодишните празници, ни кажа Дијана Неделковска од туристичката агенција „Savana“.

Ако сакате да го посетите Јордан преку агенцијата „Savana“, аранжманот од 9 дена ви е достапен за 899 евра со авион. Амстердам со авион чини 475 евра, а Рим чини 459 евра.

Вработените во туристичките агенции се мошне позитивно изненадени од големата заинтересираност со месеци однапред на луѓето кои сакаат да ја поминат нова година на една од нивните дестинации, но ако се уште не успеавме да ви ја решиме дилемата, тогаш секогаш можете да уживате во атмосферата која самите ќе си ја приредите. Како и да е, само погрижете се среќни и задоволни да ја зграпчете новата 2015 година!

И.В.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби