Водич за вашиот пат до Аргентина

Аргентина е голема земја чии природни убавини секоја година привлекуваат се повеќе и повеќе посетители. За Аргентина се поврзани и некои од најголемите великани на фудбалот, како што се Марадона, Кемпес и Меси, а позната е и по тангите.



Постојат неколку работи кои треба да ги знаете пред да тргнете на пат и да стигнете до Аргентина.

Сите имаат психијатар

Аргентина има најмногу психијатри по глава на жител во светот. Сите посетуваат по еден и никој не се срами од тоа. Овде најпопуларен е Фреуд.

Бакнеж за добар ден, бакнеж за пријатно

Агрентинското довидување е сосема спротивно од ирското на пример. Овде морате да одвоите време да се бакнете со сите во образ пред да си заминете. Тоа важи и за девојките, момчињата, бабите, па дури и миленичињата.



Љубовните хотели се нормална појава

Постојат хотели, хостели и љубовни хотели. Многу луѓе до своите 30-ти се уште живеат во куќата на родителите, така да овие љубовни хотели се вистинската работа за сите оние на кои не им е решено станбеното прашање.

Муштериите не се секогаш во право

Ова правило треба да се воведе кај нас. Во Аргентина вреди правилото дека муштериите во повеќето случаи не се во право. Бидете сигурни дека ќе налетате барем на еден продавач со кој ќе влезете во кавга, како да сте на пазар.



Парите се владетелот на вселената

Ако имате пари – имате сè! Штом луѓето видат дека сте полни со пари сите врати ќе ви ги отворат.

Сите слават сè

Аргентина има 15 државни празници годишно. Тие слават буквално сè. Забава по повод летен одмор? Се разбира! Прв ден од пролет? Повторно се разбира! Вие само кажете, а тие ќе смислат празник. Сè само за да се забавуваат.

Што ќе нарачате тоа и ќе добиете

Посакавте стек и заминавте во ресторан. Пазете се – таму нема прилози вклучени во цената. Ако сакате прилог, морате точно да нагласите каков. Ако пак во менито пишува салата од моркови, не очекувајте ништо друго.



Темпераментен народ

Овој народ покажува страст буквално за сè! Луѓето си приоѓаат едни на други и разговараат на секоја тема со толку уверувања и жар што тоа мора да се доживее. Било да се работи за фудбалски клуб или за тоа како е најдобро да се испече месо – страста се чувствува во воздухот!

Нивниот шпански јазик не е ни приближен како оној што го слушавте во шпанските серии

Овде шпанскиот е помешан со италијанскиот со посебен облик на конјугација. Две букви L се читаат како Y. Исто така, Аргентинците користат многу скратеници, па на пример зборот „tello“ е скратеница за хотел.



Сè може да ви биде доставено

Да, тоа е вистина. Нема нешто што Аргентинците не можат да ви го достават на вашата врата, па макар да станува збор и за авион. Дури и ако се јавите во некој кафе бар и им кажете да ви достават кафе, за неколку минути на врата ќе ви се појави насмеан келнер со кафе.

Неприфатливо е да брзате

Овде луѓето застануваат за да се прашаат како се. И навистина ги интересира како се. Не само за да поминат од редот, туку за да поразговараат со вас. Затоа не треба нигде да брзате.

Врските значат сè

Ако имаш пријател Аргентинец – имаш пријател до крајот на животот. И немојте ни да помислите дека ќе ви забие нож во грб. Неделата е резервирана за семејството, преку неделата дружењето со пријателите е задолжително.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби