Најмистериозните неистражени делови на нашата Земја

Земјата е полна со скриени и тајни места, за кои многу малку луѓе знаат. Токму следните места кои ќе ви ги претставиме се едни од најмистериозните места на нашата планета. Не знаеме каква ќе биде вашата реакција, но во нас се разбуди авантуристот.

Melville Range, Австралија



Ова место се наоѓа на голема висорамнина на полуостровот Јорк во Квинсленд, околу 10 часа возење од австралискиот град Каирнс. Биолозите се воодушевени од ова место, бидејќи е дом на некои видовите на животни и растенија кои не може да се пронајдат на ниедно друго место во светот.



Sima Humpoboldt, Венецуела



Оддалеченото планинско подрачје во Венецуела е толку големо што има свој мал еко состав во кој живеат билки кои до неодамна им биле непознати на научниците.

Palawan, Филипини



Во 2007 година, група на ботаничари заминала на експедиција токму на овој далечен остров, а она што го пронашле таму ги изненади сите. Сини печурки, розови растенија и месојади растенија се само некои од долгата листа на растенија кои се наоѓале на Palawan.



Crater Bosavi, Нова Гвинеја



Ова всушност е вулкан кој се распаднал во својот кратер пред повеќе од 200.000 години, со што се создал кратер со ширина од преку еден километар. Во 2009 година BBC сними филм, во кој се опфатени сите занимливости за богатиот живот создаден во длабочините на овој кратер.

Mountain Roraima, Венецуела – Бразил – Гвајана



Оваа планина претставува граница меѓу гореспоменатите држави, а е стара повеќе од 2 милијарди години. Планината со врвот ги допира облаците, а е тешко достапна за сите, па дури и за искусните планинари.



Cave Movile, Романија



Оваа пештера во блзина на Мангала, била откриена во 1986 година, за време на изградбата на геотермална електрана. Пештерата била отсечена од светот во последните 5.5 милиони години. Со оглед на недостатокот од кислород и светлина, во неа постои свет кој допрва треба да се истражува.

Trench Mariana, Западен Пацифик



На 11км под површината на морето се наоѓа предел кој е меѓу најдлабоките кое некогаш го посетил човек. Дното на ровот е посетено само четири пати, од кои еднаш и од познатиот филмски режисер Џејмс Камерон.



Cave Son Doong, Виетнам



Токму оваа планина е меѓу најубавите во светот, која се наоѓа во Виетнам. За прв пат е истражена во 2009 година, а е толку голема што има своја сопствена атмосфера и временски зони.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби