Необични дестинации кои вреди да се посетат

Ако сте заинтересирани за фамилијарен одмор, спортски туризам или пак незаборавна авантура во најдалечните места на светот, ние ви предлагаме пет места кои ви го пружат она што го посакувате.

Кнежевството Андора





Оваа земја е една од најсигурните во Европа, толку сигурна што во неа не постои затвор. Малото кнежество се наоѓа меѓу Шпанија и Франција, а позната е по многуте патеки за скијање. Најубаво место е неговата престолнина, Andorra la vella, но и остатокот од парохијата. Ако се одлучите да ја посетите Андора добро е да знаете дека нема директна линија, туку мора најпрво да отидете до Барселона, што воопшто не е лоша идеја.

Мускат, Оман





Ова е една од најпосетуваните земји на Персискиот залив, благодарение на неверојатната природа која ги краси планините, водопадите, пустинските региони, како и топлото време, арапскиот карактер и богатата историја на Оман. Со својот единствен пејзаж се разликува од соседните Обединети Арапски Емирати, но и од сите земји во светот. Доколку сакате да го посетите Оман, обидете се да се сместите недалеку од главниот град Муската, каде што можете да ги истражувате мирните и тивки оази.

Рио де Жанеиро





Со оглед на тоа дека доаѓа месецот на познатиот карневал, има ли подобро место од градот на среќата и карневалот кое можете да го посетите овој период од годината? Заводливиот ритам на самба и златните песочни плажи на кои се служи познатиот бразилски коктел caipirinhu се вистинскиот избор ако сте личност за забава и безброј авантури.

Патагонија, Јужна Америка





Жил Верн пишувал за таинствената Патагонија, од која може да се воодушеви секого. Европејците мислеа дека токму овој крај од земјата е само еден ненаселен регион, па затоа често го нарекуваа крајот на светот. Токму денес, крајот на светот привлекува безброј туристи со својата недопрена природа, прекрасни карпи, заливи и вулкани. Доколку некогаш се најдете на тлото на оваа земја, не пропуштајте да го посетите чудесниот бел глечер Grey, кој е трет по големина во светот, по Антарктикот и Гренланд.

Вулкански остров Чеџу-до, Јужна Кореја





Регионот Чеџу-до во Јужна Кореја воодушевува со својот необичен пејзаж, древните митови и легенди. Единствениот природен феномен, вулканскиот остров по кој и регионот го добило името, во 2007 година се најде на листата на Светски градини од УНЕСКО. Жителите на островот велат дека Чеџу-до изобилува со три „појави“: камења, ветар и жени. Главна туристичка атракција се нуркачките, кои секојдневно нуркаат во длабочини од 20 метри за да фатат разни морски плодови како што се школките и алгите. Ако се одлучите да го посетите овој необичен остров, верувајте дека ќе научите многу за оваа култура.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби