Од дрога до проституција

Сите мислиме дека Лас Вегас е градот кој е полн со гревови што искушуваат на секој чекор, почнувајќи од безбројните казина, па завршувајќи до многубројните проститутки. Сепак, на овој град може да му се придружат и многу други светски, но и европски градови кои имаат свои скриени гревови.

Москва, Русија



Пазарот на проститутки е на отворено и достапен за секој турист, без разлика колку застрашувачки ви звучи тоа. Иако во Русија проституцијата е илегална, достапна е на секој чекор, а ако на тоа додадете водка и илегална коцка, тогаш ќе го добиете еден од најгрешните градови во светот.

Амстердам, Холандија



Една од причините поради која Амстердам е популарен меѓу туристите е тоа што многу работи се легализирани со закон. Утрински чај со марихуана? Зошто да не. Марихуаната ви е достапна во секоја кафетерија и тоа во разни форми. Освен на легализираната дрога, Амстердам не потсетува и на Црвената улица, каде што може да се искористат услугите на дамите од излозите.

Берлин, Германија



Првиот институт за сексуални студии е основан во 1900 година токму во Берлин. Како што со тек на време се легализирала проституцијата, така и овој град се најде на листата на градови со најголеми гревови. Отворениот став кон сексот го отворил патот за разните кабареа и брулески, кои може да се најдат на секое ќоше. Берлин е градот кој ќе ви ги исполни и најмрачните тајни, само ако сте подготвите да платите за тоа.

Рио де Жанеиро, Бразил



Веднаш помисливте на Жизел Бундшен, Алесандра Амбросио и Адриана Лима, бидејќи Бразил има многу убавици кои успеале во шоу бизнисот. Секоја Бразилка поседува шарм и тело со кои може да го заведи секој маж. Освен што на плажите може да уживате во полуголите задници во танги, овде постои и илегален бордел кој е мошне популарен.

Макао, Кина



Ова е Лас Вегас во Азија, но со двојно повеќе казина. Мешавината на кинеската и португалската култура ви даваат впечаток дека се наоѓате на друг свет. Либералните закони и единствените фестивали го додаваат градот на оваа листа. А Кинезите се познати по тоа што го задоволуваат сечиј вкус.

Лас Вегас, Невада, САД



Многумина ги изгубиле своите соништа, но многумина и ги исполниле благодарение на безбројните казина. Токму тие го прославија овој град. Секако, каде што има коцка, таму има и алкохол и разголени девојки, кои доколку ве забележат како добивате веднаш ви се лепат. Само немојте инстант да се ожените, па потоа да зажалите.

Њу Орлеанс, Лузијана, САД



Ако танцот и јадењето се дел од вашите желби, тогаш ова е градот за вас. Иако проституцијата е забранета, праксата ни кажува дека е многу поразлично. Овде постојат и шоуа кои изобилуваат со секс. На секој ќош се прави муабет само за секс, па каде и да се свртите го слушате тој збор.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби