Светски дестинации опасни за жени

Секое место на Земјината топка има своја убавина, но крие и по некоја опасност. Ова особено е важно за жените кои решиле да посетат некоја егзотична земја каде што не ни претпоставуваат дека може да им се случи било каква непријатност. Само во Индија на секои 20 минути се случуваат напади врз жени, но ништо подобри не се ниту Мароко и Турција.

-Постојат места каде жените на некој начин се граѓани од втор ред и тоа може да биде прилично фрустрирачко. Се трудам да мислам дека повеќето луѓе се фини и се облекувам соодветно за да не предизвикам непотребно внимание, вели туристичкиот водич Али Гарланд.

Според истражувањето на YouGov спроведено во 2014-та за потребите на фондацијата Thomson Reuters, транспортните средства во следните градови се едни од најопасните во светот:

  1. Богота, Колумбија
  2. Мексико сити
  3. Лима, Перу
  4. Њу Делхи
  5. Џакарта, Индонезија
  6. Буенос Аирес, Аргентина
  7. Куала Лумпур, Малезија
  8. Бангкок
  9. Москва
  10. Манила, Филипини
  11. Париз
  12. Сеул, Јужна Кореја
  13. Лондон
  14. Пекинг
  15. Токио
  16. Њујорк

Daily Mail направи своја листа на 10 популарни дестинации кои треба да се посетуваат со особена претпазливост.

Индија – според податоците во оваа земја сексуалните напади врз жени се случуваат на секои 20 минути. Иако многу жени ја посетиле и велат дека е прекрасна земја, туристичките водичи препорачуваат да размислите два пати доколку сакате да патувате во овој дел на светот

Бразил – познат по својот карневал, но и по насилните банди и агресивната полиција. Стапката на силување од 2009-та до 2012-та е зголемена за цели 157 проценти, што е прилично загрижувачки податок.

Турција – жените во Турција неодамна протестираа со цел да го актуализираат прашањето околу насилството врз понежниот пол, тема која се уште претставува табу во турското општество. Ако се решите да ја посетите земјата внимавајте на облеката и не шетајте на своја рака.

Тајланд – насилството врз жени е еден од најголемите проблеми кои се појавуваат како резултат на злоупотребата на дрога и алкохол. Во изминатите неколку години во Тајланд беа убиени и силувани неколку туристи, па затоа се препорачува голема внимателност.

Египет – една од најпосетуваните туристички дестинации има недостаток од полиција што од 2011-та па сè до денес резултира со сè поголема стапка на сексуални напади и тоа на јавни места.

Колумбија – главниот град Богота има мрежа на црвени автобуси кои според истражувањето на YouGov in 2014 се најнебезбедниот јавен транспорт во светот. Полицијата е мошне неефикасна во заштитата на жените, а насилниците многу ретко завршуваат пред лицето на правдата.

Јужна Америка – иако станува збор за дестинација која од ден на ден станува сè попопуларна, силувањата, нападите врз жени и грабежите се на високо ниво. Во периодот од 2012-2013-та се забележани повеќе од 66 илјади сексуални напади.

Мароко – земја во која има ограничени женски права. Се препорачува кога патувате да се облечете скромно и да не се разголувате. Иако нема многу криминал, жените туристи често се малтретирани од мажите.

Мексико – мошне посетувана дестинација особено од светски познатите ѕвезди, но мошне опасна за обичните туристи. Јавниот транспорт е еден од најопасните во светот поради големата стапка на силувања.

Кенија – позната како земјата каде што ќе уживате во сафари парковите, Кенија крие многу опасности. Едно истражување од 2010-та покажува дека дури 32 проценти од девојчињата се жртви на сексуално насилство. Жените туристи кои патуваат во Кенија ризикуваат да бидат нападнати или киднапирани.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби