10 места кои служеле како инспирација за цртаните филмови

Дизни е познат по фантастичните пејзажи и замоци во кои се сместени нивните цртани филмови. Сепак, најчесто неговите цртани црпат инспирација од вистински локации. Ви претставуваме 10 места кои може да ги видиме во цртаните филмови. Ако сакате да се почувствувате како дел од цртаните филмови, можете да ги посетете и да си ја исполните вашата бајка.

Патот 66



Цртаниот филм „Cars“ и тематски и визуелно е инспириран од класично американскиот автопат – 66. Во цртаниот се гледаат неколку планини, кои исто така се издигнуваат и низ овој реален автопат.

Алзас, Франција



Создавачите на „Убавицата и ѕверот“ барале мали села и градови во Алзас во Франција, со цел да најдат инспирација за малиот град Белин.

Мон Сен Мишел



Замокот на родителите на Златокоса всушност е преубавиот Мон Сен Мишел замок во Нормандија.

Серенгети



Најголемиот дел од цртаниот филм „Кралот Лав“ се одвива во рамнина која потсетува на Серенгети во Танзанија. Позната е по големите миграциски животни и по групите со лавови.

Забранетиот град



Мулан од истоимениот цртан филм живеела во време на кинеската династија Хан меѓу 200 година пред нашата ера и 200 година од новата ера. Иако Забранетиот град е изграден 1.200 години подоцна, на аниматорите им послужил како извор за осмислување на резиденцијата во цртаниот филм.

Ледениот хотел



Палатата на Елза од цртаниот филм „Леденото кралство“ инспирирана е од Ледениот хотел направен во близината на Квебек во Канада.

Замокот Нојшванштајн



Преубавиот замок Нојшванштајн во Баварска послужил како инспирација за замокот на „Заспаната убавица“, кој подоцна е адаптиран како познатиот замок на Дизни на почетокот на секој филм продуциран од таа продукциска куќа.

Таџ Махал



Султановата палата во цртаниот филм „Аладин“ дизајнирана е според угледот на познатиот Таџ Махал. Сепак, самиот филм е сместен на Блискиот Исток.

Замокот Шилјон



Замокот на крајбрежјето кој го видовме во цртанот „Малата сирена“ е всушност замокот Шилјон, кој се наоѓа на Женевското езеро во Швајцарија.

Дворецот Шамбор

Исто така и дворецот Шамбор послужил како инспирација за цртаниот филм за „Убавицата и ѕверот“. Во овој мрачен дворец живеел ѕверот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби