Лонгирбуен е најсеверната населба во светот и се наоѓа во Норвешка. Своето име го добила од Американецот Џон Мунро Лонгир, кој како предводник на артичка компанија за јаглен, го открил градот и рудниците богати со јаглен.
Една од посебностите на овој град е што во него е забрането да се умре. Штом некој од жителите е тешко болен или е на смртна постела, итно се пренесува со авион или брод до норвешкото копно. Дури и да се случи смрт, жителот нема да биде таму закопан. Освен тоа, на граѓаните им е дозволено слободно да се движат со пушки поради големата опасност од средба со поларни мечки.
Во градот е забрането и чување на мачки бидејќи жителите сметаат дека тие ги вознемируваат птиците. Овде можете да видите мала црква зад која има уште помало училиште, а позадината е исполнета со снежни ридови. Црквата секогаш е отворена, а во неа можете да се послужите со кафе и колачи, разгледници и други интересни ситници за посетителите. Парите ги оставате само во садовите предвидени за нив.
Ова е мошне чуден град за живот, но во последните години се повеќе туристи го посетуваат. Градот има само 2.000 жители. Неколку музеи и галерии ви даваат увид на животот во оваа изолирана територија.