Најнеобичните возови низ светот

Сите љубители на филмовите „The Darjeeling Limited“ и „Murder on the Orient Express“, сместете се удобно бидејќи ви ги претставуваме најинтересните возови низ светот.

Најотмен воз: Royal Scotsman

Релација: Лондон – Единбург



Пред да се качете или да се симнете од возот, пред вас се постила тепих по кој чекорите. Интересно е што екипажот е облечен во карирани одела, а за време на патувањето,на секој патник (вкупно 36), добиваат книга со информации за најважните знаменитости кои се протегаат долж железничката релација. До споменатите знаменитости може да се дојде со посебни автобуси, кои го следат возот, но ако не сакате да излезете од возот, ве очекува поглед од салонот кој е изграден во 1960 година. Во салонот може да ве послужат со кавијар и шампањско, а атмосферата дополнително ја збогатуваат музичарите на класична музика. Освен петте спални соби и споменатиот салон, возот брои и два вагони-ресторани, во кои има посебен дрес-код, а на мениата ќе пронајдете локални јадења од регионите низ кои поминува возот. Ова единствено патување трае цела недела.



Најсовремен воз: Shanghai Maglev

Релација: Меѓународен аеродром Пудонг – Шангај

Железничката релација долга 30км која води од аеродромот Пудонг до центарот на Шангај, е прва комерцијална линија на посебен вид на воз, кој лебди над шините користејќи магнетна сила, при што постигнува брзина од 431км/час. Сепак, поради неверојатната комплексна конструкција на возот и фактот дека Шангај главно лежи на мочурлива почва, па шините на некои места мора да стојат на столбови од 100 метри, проектот за проширување ќе се стопира и ќе се замени со воз со конвенционална брзина. Новиот магнетно-левитациски воз би требало да биде изграден во Јапонија до 2020 година.



Најбавен воз: Glacier Express

Релација: Цермат – Сент Мориц



Според службените податоци, ова е најбавниот воз на светот. На пат со должина од 200км, која води од Цермат до Сент Мориц, ќе се возите 8 часа, па зборот express во името на возот не треба да го сфатете буквално. Бавноста на овој воз е разбирлива, со оглед на тоа дека поминува низ многу мостови и тунели низ источниот дел на Швајцарија. Вагоните со големи стакла им овозможуваат на патниците да уживаат во природата. Нема да погрешете и ако купите карта за втора класа, бидејќи ќе добиете единствена прилика да отворите прозорец и да уживате во свежиот планински воздух.



Највисоки железнички пруги

Релација: Сининг- Ласа



Највисоката пруга на светот се наоѓа на највисокиот планински предел во светот – Хималаите, кои ги поврзуваат престолнината Тибет, Ласа и градот Сининг, преку кој може да се стигне и до Пекинг, а целото патување трае 48 часа. Во тој временски период, возот минува 1958км и не се спушта под 4000 метри надморска височина, па поминува и низ железничката станица Тангула, која е највисоката железничка станица во светот изградена на висина од 5068 метри. Бидејќи се наоѓа на ненаселен предел, во оваа станица нема ни вработени и служи само како спореден пат. На патниците од возот не им е дозволено да излегуваат од возот бидејќи постои опасност од недостаток на кислород во телото и затоа сите вагони се херметички затворени, а во цената на картите вклучени се и маски со кислород.

Најстара железничка пруга: Tees Valley Line

Релација: Бишоп Окланд – Дарлингтон



Оваа 20км железничка пруга е изградена во 1825 година во срцето на Англија и е прва комерцијална пруга во историјата на човештвото, додека денес секојдневно поминуваат безброј приградски возови. Сепак, духот на старата пруга може да се почувствува на релацијата од Бишоп Окланд до Дархам. Пругата на почеток служела како пат за пренесување на камења од блискиот каменолом, а потоа и била затворена, но во 1993 жителите повторно ја оживеале и воспоставиле линија како дел од туристичка понуда.

Временски најдолга железничка релација: 100Щ

Релација: Москва – Пјонгјанг



Пред 5 години, титулата за најдолга железничка релација гордо ја носела онаа која ги спојува градовите Харкив и Владивосток, но е откажана поради недоволен интерес на патници. Па така, статусот за најдолга железничка релација му припадна на 100Щ, релација која опфаќа 10.308км и трае 8 дена и 14 часа, што е и повеќе од споменатата Харкив-Владивосток релација. Сепак, од Москва до севернокорејската престолнина не патува цела железничка композиција, туку посебен вагон кој на одреден момент се спојува со композиција. Иако се спојува со други вагони, а на границата на Северна Кореја дури добива и нови тркала, бидејќи ширината на шините е различна, од вагонот кој се движи на оваа релација, патниците не излегуваат цели 8 дена, што е временски најдолго патување со воз.

Најјужна железничка релација: Tren del Fin del Mundo (Воз на крајот од светот)

Релација во околината на градот Ушуаја



Аргентискиот град Ушуаја, на Јужната полутопка е оддалечен од остатокот на цивилизацијата, а воедно е и најблиску до Антарктикот. Токму поради тоа, аргентинските власти изградиле затвор, а затворениците сечеле дрвја во шумата и ги пренесувале до градот преку оваа пруга. По некое време затворот го укинале, а со тоа ја затвориле и железничката пруга. Сепак, по 40 години се сетиле дека пругата може да ја искористат како туристичка атракција. Во целата приказна воведена била и пругата од 1944 година, која ја модернизирале, а од Велика Британија донеле и локомотива со вагони и на туристите им нуделе живописно патување од 7км со Возот на крајот од светот.

Најсеверна железничка релација: Воз N°6653

Релација: Мурманск – Запољарни



Шест часовното патување на железничката релација низ крајбрежјето на Баренцовото море е потенцијална туристичка атракција за сите љубители на железници, но моментално воглавно ја користат локалните рибари. Во летниот период, делницата може многу брзо да се помине  со автобус, но во зимскиот период, кога се е покриено со снег, пругата служи како единствено превозно средство кое ги поврзува селското население со главниот град во оваа област. Железничката пруга минува низ прекрасна шуми, брда и необични архитектури изградени во 50-тите и 80-тите години.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби