Најчистите градови на планетата во 2014 година

Овие денови секој размислува за тоа како нашата околина станува се позагадена. Не постои технологија која ќе гарантира здрав и хигиенски живот, па нечистата вода и воздух предизвикуваат многу проблеми. Сепак, се уште постојат градови во кои луѓето навистина се грижат за својата околина.

Куритиба, Бразил



Со популација од само 1.8 милиони жители, Куритиба е најголемиот град во Парана. Овој град е еден од економските центри на Бразил, во кој повеќето жители зависат од индустријата, па треба да им се симне капа што успеале да ја зачуваат чистотата во својата околина.

Минеаполис, САД



Минеаполис има популација од 3.8 милиони жители и е најголем град во Минесота. Сместен е на крајбрежјето на реката Мисисипи и поради тоа има многу езера и мочуришта на кои има изградено бројни паркови. Ова е втор град по чистота во САД.

Осло, Норвешка



Осло е најнаселениот град во Норвешка и е познат по чистиот воздух, отворениот простор и луксузниот живот. Причината поради која Осло е на оваа листа е начинот на кој го решиле проблемот со ѓубрето. Цело ѓубре кое се произведува во домаќинствата целосно се искористува за производство на електрична енергија.

Фрајбург, Германија



Овој град е преполн со зимзелени дрвја, зелени предели и eco-friendly цветови. Квалитетот на воздухот е на 87.4%, а главната улога за чистотата ја имаат жителите и властите.

Мелбурн, Австралија



Мелбурн е втор најнаселен град во Австралија, со прекрасни пејзажи. Квалитетот на питката вода е на високи 84.8%, а квалитетот на воздухот е на 83%. Мелбурн е финансиско и економско седиште со висок стандард на живот, а во 2013 година е прогласен за најдобар град за живот на овој континент.

Хелсинки, Финска



Ако сакате совршено опкружување и клима за здрав и луксузен начин на живот, тогаш Хелсинки е најдобар избор за вас. Главниот град на Финска ги има едни од најдобрите образовни институции во земјата, но нуди и најголем удобност за живот.

Берн, Швајцарија



Швајцарија е најчистата држава на светот, па затоа не нè чуди што Берн е на оваа листа. Владата е позната по строгите прописи кои се однесуваат на хигиената. Берн е еден од ретките градови на светот кој има 100% квалитетна вода.

Хонолулу, Хаваи



Овој град е познат по зеленилото кое се наоѓа на секој чекот. Благото ветре секојдневно минува низ дождливите шуми носејќи чист воздух во градот. Водата е 100% чиста, а воздухот 90%.

Калгари, Канада



Калгари е плинско и нафтено седиште на Канада, но и покрај тоа е еден од најчистите градови на светот. Владата вложува голем труд за да ја зачува чистотата на воздухот и квалитетот на водата за пиење. Во близина на градот изграден е прочистувач на водата кој дневно може да прочисти 1 трилион вода, а секој отпад се користи за добивање обновена енергија. Чистотата на воздухот е 88%, а на водата 95%.

Ифран, Мароко



Ифран е најчистиот град за 2014 година, а во него не се наоѓа ниту една фабрика која би го загадувала воздухот или водата. Водата и воздухот се 100% чисти, а токму ова е причина за која многумина се одлучуваат да живеат овде. Градот е опкружен од најголемата шума на кедар која се наоѓа во внатрешниот национален парк.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби