Места кои мора да ги посетите пред да се изменат во неповрат

Со оглед на промените кои постојано и се случуваат на нашата планета, не е ни чудо што некои одредени места постојано се менуваат. И самите сме сведоци на одредени промени, за кои сме кажале „Местото е многу променето од последниот пат кога го посетивме“. За да ги затекнеме прекрасните убавини нао светот, мора да побрзаме и да ги посетиме. Во прилог ви претставуваме неколку дестинации кои кријат неверојатна убавина, но која за жал многу брзо се менува.

Гоцо, Малта



Минатата година, Аџелина Џоли и Бред Пит поминаа неколку месеци на островот Гоцо, снимајќи го филмот „By the Sea“ во режија на Анџелина. Благодарение на нивното присуство, бројот на туристи на овој остров се зголеми.

Малиот остров Гоцо е на оддалеченост од само 20 минути возење со фери-брод од Малта и има популација од 37.000 луѓе. Околу 97% од населението се Романски католици, па токму затоа прекрасните цркви овде ги има на секој чекор. Островот е одлична дестинација за љубителите на пешачење, велосипедизам и возење, кои сакаат да фатат некој зрак од сонцето.

Куба



Уште од почетокот на оваа година, забележан е пораст на туристичките аранжмани, а хотелите се резервирани сè до летото. Дури и синот на Че Гевара се распрашувал за одмор низ островот, а сакал да го истражува на мотор. За да ги впиете латинските вибрации, можете да се упатите кон Хавана, каде што ќе пронајдете стари автомобили, колонијали и прекрасни фрески по ѕидовите од пејзажите на островот.

Антарктик



Во 2016 година ќе се обележат 50-години од комерцијалниот туризам на Антарктикот, со неверојатен пораст на посетители во последниот период. Причината за тоа е што луѓето се очајни да го видат овој дел од светот пред да се промени.

Во последните децении, експертите велат дека Антарктикот претрпел покачување на температурите за 3°С – пет пати поголема од средната стапка за глобалното затоплување во целиот свет. Намалената ледена покривка предизвика намалување на Антарктичкиот животински свет, па бројот на неколку видови на пингвини се намалува значително.

Рејдарфјердир, Исланд



Сериите „The Killing“ и „Fortitude“ се снимени токму на оваа локација, а се мошне познати во Европа и САД. Малиот град е наречен така токму поради фјордовите до кои е лоциран во близина на најголемото источно крајбрежје во Исланд.

И покрај малиот број на жители (околу 1.000), Рејдарфјердир еднаш имал најголем број на странски посетители во земјата – 3.000 странски работници пристигнале во 2004 година за да помогнат во изградбата на топилницата. Исто така, градот е познат и по најголемата база на сојузнички сили во Исланд и Музејот на остатоци од војната.

Зелден, Австрија



Одредени сцени од најновиот филм на Бонд, „Spectre“ се снимени во Зелден, долината во Австрија. Драмата ќе се случува на зградата ICE-Q, на која има ресторан, а се наоѓа на планински врв.

- Што може да биде повозбудливо од она да си на врвот на светот, изјавил продуцентот Денис Гаснер.

Премиерата на филмот ќе се одржи во ноември, што ви остава неколку месеци да го посетите, пред да почнат да се трупаат туристите.

Грчките острови



Посетителите сакаат да ги посетат Грчките острови кои во минатото постојано се посетувале исклучиво со фери-бродови. Сепак, од локалната авиокомпанија Hellenic Seaplanes неодамна објавија дека планираат да се соединат со 100 од 6.000 острови. Крит, Скирос и Пелион се очекуваат да бидат многу подостапни од мај, а летовите кон сите грчки острови да бидат достапни до крајот на годината.

Викториини водопади, Замбија



Новиот аеродром Victoria Falls International Airport на границата на Зимбабве и Замбија ќе се отвори во септември. Ова значи дека познатите водопади, ќе бидат многу подостапни за туристите.

Новата 4 километарска писта ќе биде достапна за сите авиони, а властите на двете земји на големо ги подготвуваат нивните пилоти за одредени тури со авиони.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби