Од мајка до мајка: Се извинувам поради моите деца

Секој родител застанува во одбрана на своето дете, понекогаш дури и кога знае дека направило некоја грешка. Сепак, само најдобрите родители знаат дека правилниот начин на воспитување подразбира многу повеќе од тоа.

Кеиша Смит Вуд е мајката чиј пост преку ноќ стана вирален поради пораката која што ја носи во себе. Вуд јавно им се извини на мајката и ќерката кои поради однесувањето на нејзините деца не можеле слободно да гледаат филм во кино.

-Знам дека  целам далеку, но ја барам жената која вечерва во 7 часот беше на „Cinderella“ проекцијата во Tanneghill Premier. Ги оставив својата ќерка, поќерка и синот на кино. На мое големо понижување и срам, син ми кажа дека моите девојки биле непристојни и безобразни за време на филмот. Жената која што ја барам им се обратила и ги замолила да бидат потивки додека тие се однесувале непристојно. По завршувањето на филмот таа им пристапила и им кажала дека сопругот и добил отказ и дека тоа е последниот филм што  нејзината ќерка ќе го гледа во скоро време, а тие го уништиле моментот. Ако вие сте таа жена, ве молам да ми пишете. Сакам да ве уверам дека девојките се соодветно казнети. Ова непристојно, грубо и ужасно однесување е неприфатливо и тие ви должат извинување. Со сопругот ги натеравме да ви напишат извинување и би сакале за следниот филм да ви ги платиме билетите и грицките од нивниот џепарлак. Ве молам пишете ми ако сте вие. Длабоко се извинувам за нивната нељубезност.

Благодарение на споделувањето преку интернет, пораката брзо пристигна до Ребека Бојд и нејзината ќерка кои биле мета на лошото однесување на двете девојчиња.

-Многу ме потресе фактот што Кеиша воопшто не беше навредена од тоа што им пријдов на нејзините деца. Нејзиното љубезно писмо ме расплака, вели Бојд и додава „Секој го имал истото искуство кое што го имав јас, но е мошне ретко некој да реагира како семејството на Вуд. Многу ги почитувам и воопшто не им се лутам на нивните прекрасни девојчиња“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби